Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

20.12.2021

Кожата и студот: 8 совети за подобро здравје на вашата кожа

Зимата и студот влијаат на целото наше тело, особено на кожата. Таа е изложена и може сериозно да биде оштетена од температурните промени. Лошите временски услови како што се ниските температури ги засегаат најчувствителните области на лицето, усните, вратот, деколтето и секако рацете.

Затоа, во прилог ќе ви дадеме неколку совети кои треба да ги почитувате, со цел подобро здравје на вашата кожа:

  • Хидрирајте ја кожата секојдневно, неколку пати на ден. Ова е особено важно кај оние кои страдаат од некој тип на дерматоза (атопичен дерматитис, псоријаза…). Соодветна крема за омекнувње на кожата (на база на ланолин, уреа, итн.) ќе помогне да се одржи кожа здрава во текот на зимата.
  • Избегнувајте прекумерно миење раце. Дерматитисот што го зафаќа надворешниот дел на рацете е честа причина за иритации во овој период од годината, особено кај луѓето кои постојано ги мијат рацете од причини поврзаи со нивната работа. За да се избегне тоа, треба да се употребуваат ракавици и бариерни креми.
  • Не користете агресивни производи за миење на лицето и телото. Изберете нежни и дерматолошки тестирани производи.
  • Избегнувајте туширање со многу топла или многу ладна вода. Идеално е млака вода и да не се туширате повеќе од еднаш дневно, бидејќи тоа би ја зголемило дехидрацијата-сушењето на кожата.
  • Хидрирајте ги усните и заштитете ги од ултравиолетова светлина. Усните многу страдаат во зима, уште повеќе ако има некоја основна промена (атопичен, актиничен хелитис…).
  • Не заборавајте ги очилата за сонце и секојдневната заштита од сонце и во зима, особено во областите каде има снег или на планина, бидејќи на тие места се рефлектира 80% од сончевото зрачење.
  • Носете ракавици и топла облека. Особено оние лица кои се осетливи на студ и кои обично страдаат од перниоза или феноменот на Рејно (ладни прсти на рацете кои стануваат бели, сини и црвени)
  • Избегнувајте нагли промени на температура, бидејќи тоа ја зголемува можноста за појава на проширени капилари (пајакови вени) на лицето (особено образите).

Активни состојки препорачливи за нормален тип на кожа: витамин Ц, ретинолна киселина, гликолна киселина и хидрокси киселини, сите со важна функција против стареење. Сепак, кај осетлив тип на кожа, мора да користат смирувачки, вазоконстриктивни и деконгестиви супстанци. Такви се декспантенол, алфабизоболол, глициретична киселина. Покрај тоа, тие мора да избегнуваат производи кои содржат алкохол, конзерванси или парфеми. Поради оваа причина, неопходна е индивидуална дерматолошка проценка на секој тип на кожа.

Идеалниот вид на средства за нега ќе зависи и од типот на кожата и евентуално постоење на некаква состојба, проблем, алергии и слично. Во принцип, лосионите со активни состојки за прочистување се подобри за комбинирана или мрсна кожа, а масните, богати креми за зрела и сува кожа.

Постојат нови маски и третмани, како што е мезотерапијата со хијалуронска киселина, кои помагаат да се хидратира кожата длабински.

Добро е да знаете дека зимата е најдобро време за извршување на интензивни третмани за депигментација на лицето, како дома така и во ординација (хемиски пилинг или маски).

Секако клучно е да внимавате на исхраната. Нека биде богата со витамини и антиоксиданси. Не заборавајте да пиете помеѓу 1,5 -2 литри вода дневно.Избегнувајте тутун и алкохол, бидејќи тие имаат негативно влијание врз здравјето на нашата кожа, создавајќи слободни радикали. Покрај тоа, алкохолот ги влошува проширените капилари на лицето.