Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

13.03.2019

Леомиоми на матка

Types-of-fibroids_Zan_Mitrev_ClinicМиомите или фиброиди  се бенигни тумори кои потекнуваат од мазната мускулатура на матката.

Често пати се асимптоматски, но може да дадат и сериозни симптоми како абдоминална болка, пообемно менструално крварење, притисок во пределот на бешиката со зачестени микции, или отежнато мокрење, притисок на уретери со следствена хидронефроза, притисок на ректумот со тенезии или опстипација, болки во пределот на крстот…

Торквација на петелката на пендикуларните миоми може да даде јака абдоминална болка и состојба позната како акутен абдомен која бара итен хируршки третман.

Во однос на инциденцата, миомите се чести, 20-80% се појавуваат околу 50-тата година од животот.

Ризик фактори се: наследната компонента, обезност, хипертензија, ПЦО – ЦС, неправилна исхрана…

Во однос на положбата миомите се класифицираат на:

  1. Субсерозни миоми, кои се поставени непосредно под површината на серозата, на надворешната страна на утерусот. Во оваа група се и пендикуларните миоми, т.е. миоми кои само со тенка васкуларна петелка се поврзани со телото на матката.
  2. Интрамурални миоми, локализирани во ѕидот на матката
  3. Субмукозни миоми, локализирани непосредно под ендометриумот на матката, при што го деформираат кавумот и се причина за зголемен обем на менструално крварење, инфертилитет, спонтани абортуси и предвремени породувања.

Дијагнозата е едноставна- гинеколошки преглед и вагинален ултразвук. Во ретки случаи е потребна МРИ на мала карлица.

Третманот може да е:

  •  конзервативен, особено кај асимптоматски пациентки,

– хируршки – отстранување на леомиомот ( лапароскоскопија, лапаротомија)

– хистеректомија – отстранување на целата матка.

  • алтернативен – емболизација на артерија утерине.