Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

15.01.2019

Лигаментите, зглобовите и коските најчесто страдаат при зимски повреди

Снегот е радост за сите генерации и причина плус за да ги напуштиме топлите домови и да излеземе на прошетка, но пред да се препуштиме на зимската идила треба прво да знаеме како да се заштитиме од евентуални повреди. Зимските повреди т.е повредите настанати при користење на снегот за рекреативни или спортски активности можат да бидат доста опасни и болни, и истите можат да ве оддалечат од секојдневните работни активности со месеци. Во зимскиот период најчести се повредите на скочниот зглоб при одење или скијање на снег но доколку паднете може да настанат и многу тешки повреди на главата или скршеници на екстремитетите или ’рбетниот столб.

Најчести зимски повреди:

Превиткување (dystorsio) е повреда на лигаментите, меките ткива, крвни садови или нерви и кое е резултат на нагло, прејако движење на зглобот. Се јавува остра болка, проследена со оток на болното место.

Исчашување (luxatio) е повреда при којашто зглобната глава излегува од зглобната чашка, заради прекин на лигаментите или расцеп на зглобната чашка. Како последица на тоа, зглобот е деформиран и се чувствува силна болка, а екстремитетот е во неприродна (невообичаена) положба, а при движењето на зглобот, се чувствува мал отпор поради контракциите на мускулите.

Скршеница (fractura), претставува оштетување на меките ткива и прекин на континуитетот на коските или ’рскавиците. Големината на оваа повреда зависи од обемот на оштетената коска, крвните садови, губење на крв или трауматски шок.

За сите овие повреди потребно е консултација со медицинско лице т.е посета во болница за соодветно санирање на повредите, навременото санирање на повредите го забрзуваат и процесот на рехабилитација во кој задолжително треба да биде вклучен физиотерапевт.

Превенција од зимски повреди:

  • 93
    Shares