Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

21.03.2017

Максимално посветени кон оправдување на очекувањата од нас

Трета недела по ред, во рамките на Центарот за едукација- Жан Митрев Клиника, студентите од првата група кои се на тримесечна обука за средно медицински персонал ги следат предавањата и практичните вежби во болницата. Нивните едукатори, искусни и главни медицински сестри во болницата, од понеделник до петок низ теоретски предавања и практични вежби во секој од одделите,  ја водат групата од десет студенти. Сите се со заокружено формално образование за медицнски сестри или се студенти на Високата медицинска школа. Во согласност со програмата, на крајот на работната неделата полагаат устен, а во понеделник писмен дел од поминатиот материјал од таа седмица. За време на паузата, по завршувањето на вториот писмен испит, меѓусебно дискутираа и разменуваа мислење за тежината на последниот тест.

„Се подготвуваме многу за овој тест, прашањата беа од материјалот кој го изучувавме и сме задоволни од напишаното. Се надеваме дека и нашите едукаторки ќе бидат задоволни“, во еден глас зборуваа сите.

За нивните импресии, очекувања и постигнато до сега, ни споделија неколку размислувања… “ Концептот на изучување е на едно високо, светско ниво. Ова е повеќе од очекуваното и за мене е навистина привилегија што сум дел од оваа група на студенти. “Сакам да ја оправдам оваа можност која ни ја дадоа д-р Жан Митрев и менторките кои се навистина посветени кон нас, кои несебично и темелно се насочени кон едукацијата. Сето она што тие го собрале низ  годините, преку работата се трудат максимално да ни го пренесат“. “Ова е посебен вид на обука, која вклучува повеќе професионални методи. Условите се врвни и се надевам дека после завршувањето на едукацијата ќе бидам вработена во болницата“… “Голема благодарност до нашите едукаторки, сметам дека нивните очекувања се големи за нас, а ние со посветеноста кон едукацијата ќе се обидеме да ги оправдаме“…

Несебичната посветеност и професионален пристап кон пациентите кои се специфика за главните медицински сестри кои се ангажирани во Центарот за едукација се пресликуват и во односите кон идните колешки и колеги, секојдневно, низ предавањата и практичните вежби. “Нашата мисија е да ги воведеме  во работата, да им пренесеме сето она што сме го собрале како искуство низ долгогодишната работа. Да го извлечеме есенцијалното, суштинското и да им го пренесеме. Затоа што тоа треба да им биде стабилна база од каде ќе почнат ново вработените. Да ги сублимираме работите, да ги прилагодиме за нив, но и да оцениме колку од  нив се подготвени да се приклучат на нашиот тим. Иако тоа не е едноставно, сепак проверката на знаење на неделно ниво и евалуација на предавањата на дневно ниво, многу ќе помогне во крајниот избор. Сметам дека овој  концепт ќе им помогне како на ново вработените, така и на нас, да имаме слика за нивните капацитети и знаења“, изјави Александра Темелковска, главна сестра во клиниката и одговорна на Центарот за едукација.