Мастер шеф Василис од Грција приготви коктел од канапеи со тимот од кујната на Медпулс

Дневна доза здравје

декември 12,2016

Mастер шеф (master chef) Василис Моуратис, главниот готвач од хотелот “Dunai Ressort“ од Халкидики, Грција и неговиот асистент Софоклис приготвуваа коктел (finger food) заедно со тимот од ресторанот “Медпулс“ во болницата “Филип Втори“.

Коктел од различни канапеи беше резултатот од денешното дружење на мастер шеф Василис и готвачот Александар Божиновски кои со своите  тимови ја приготвуваа храната во кујната во ресторанот на болницата.  д-р Жан Митрев заедно со тимот од болницата ги вкусија специјалитетите од вештите раце на кулинарите.

Василис го истакна  задоволството од прогресот на тимот готвачи во кујната, особено за храната која се подготвува за болните и вработените. “На секоја нова средба тие се подобри”,  додаде тој. На Василис омилена кујна му е француската, а омилено јадење – црн дроб од гуска.