Најсовремени третмани за репарација на оштетена зглобна рскавица со матични клетки и автологна зглобна рскавица

Дневна доза здравје

февруари 02,2023

Оштетувањата на рскавицата на зглобовите (колено, рамо, лакт, скочен зглоб итн.) кај луѓето се честа појава. Можат да бидат предизвикани од прогресивно дегенеративно заболување-остеоартрит или да бидат од трауматска природа – некаква повреда. Најсовремените третмани се базираат на регенеративната медицина или користење на биолошкиот потенцијал на сопствениот организам за репарација на оштетувањата на зглобната рскавица.

Најчесто користени се: ПРП, матични клетки и во поново време репарација на оштетената рскавица со автологна (своја) рскавица. Овој најсовремен третман се изведува артроскопски или со мининимално инвазивна техника (мали резови) и еднодневен престој во клиниката.
Бенефит од овој третман е фактот дека репарацијата/регенерацијата на зглобната рскавица се движи меѓу 80 и 90%. Реинтеграцијата на новата рскавица во дефектот се случува во период од 4 до 6 недели по имплантацијата. Постоперативно кај пациентите има прогресивно намалување на болки, нема отоци, нема алергиска реакција, бидејќи станува збор за имплантиран дел од своето ткиво, без вештачи додатоци, туѓи тела.

Потоа следи период на рехабилитација која ја изведуваат едуцирани физиотерапевти.
Во нашата клиника проф. д-р Константин Митев – хирург, травматолог заедно со својот тим рутински ги изведува сите овие техники со одличен исход.
Оваа процедура е наменета за сите оние кои имаат дефект на рскавицата на било кој зглоб (рамо, колено, лакт или скочен зглоб).

За да закажете термин за преглед ве молиме обратете се на 02/3091-484