Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

10.12.2010

НЕНАВРЕМЕНА ДИЈАГНОЗА – ПОТЕШКО ПОСТОПЕРАТИВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ

НЕНАВРЕМЕНА ДИЈАГНОЗА – ПОТЕШКО ПОСТОПЕРАТИВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ

Пациентката С.С., на 62-годишна возраст, беше лекувана во „Филип Втори“ од 18.06.2010 до 05.11.2010. Пациентката беше примена во витално загрозена и шокова состојба поради прскање на големиот крвен сад, т.е. аортата која ја носи крвта од срцето до сите органи до делот каде што аортата минува од градниот кош кон стомачната празнина. Претходно пациентката била третирана неколку дена во Градската општа болница со дијагноза на бубрежна болка. Кога лекарите забележале дека се намалува хемоглобинот, тогаш за првпат направиле компјутер и итно ја испратиле пациентката во ПЗУ „Филип Втори“ на понатамошен третман.Бидејќи пациентката е донесена во болницата „Филип Втори“ во витално загрозувачка состојба, кардиохируршкиот третман бара исклучителна способност на кардиоваскуларниот хирург кој за да може да го замени прснатиот дел од аортата, истовремено треба да ги отвори двете шуплини, т.е. градниот кош и абдоменалната (стомачната) шуплина. Кај пациентката, покрај тоа што се направи замена на прснатиот дел од аортата, беше извршена и реимплантација, т.е. поврзување на целијачното стебло и горната мезентеријална артерија – од кои се снабдуваат со крв сите стомачни органи.Поради тоа што пациентката беше донесена во „Филип Втори“ во крајно тежок стадиум пред операција, послеоперативниот ток траеше цели 5 месеци. Пациентката помина низ многу компликации (подолга вентилација, бавно будење, потреба од трахеостома, поради слабиот внос на храна доби и гастростома, раната бавно зараснуваше) поради ненавремената дијагноза. По 3 месеци пациентката за првпат застана на нозе. На 03.11.2010 година пациентката го прослави својот 62 роденден. Најголема желба ? беше здравје и да си оди побрзо дома.