Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

01.12.2020

Одбележуваме: 1 декември – Светски ден на борба против СИДА

Епидемијата на ХИВ сè уште е голем и активен проблем на јавното здравје во државава но и во речиси сите земји во светот. Статистичките податоци говорат за загриженост поради фактот дека оваа година е значително намалена стапката на новооткриени случаи на ХИВ и досега изнесува помалку од половина од бројот на откриени случаи минатата година. Според Светската здравствена организација во светот има 42 295 076 инфицирани со HIV-вирусот.

„За да останеме на патеката кон ставање крај на ХИВ-инфекцијата како проблем на јавното здравје, неопходно е значително да го зголемиме бројот на луѓе со ХИВ што го откриле својот позитивен статус и почнале со терапија. Очекуваме буџетот за антиретровирусна терапија да се планира врз основа на потребите и да се сообразува со зголемениот број пациенти што имаат потреба од терапија секоја наредна година. Потсетуваме дека вкупниот број пациенти на терапија во последниве 3 години се зголемил за повеќе од половина во однос на состојбата од крајот на 2017 година. За ова прашање апелираме да се изнајде итно решение за 2021 година“, велат од Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“, по повод 1 декември – Светскиот ден на СИДА

Во согласност со насоките на Светската здравствена организација, земјите мора да осигураат непрекината достапност на основните услуги за превенција и лекување на ХИВ-инфекцијата во рамките на ургентниот одговор кон ковид-19, за што се неопходни соодветни ресурси и механизми.

Во нашата земја, во текот на 2020 година, до 30 ноември регистрирани се вкупно 29 нови лица со потврдена ХИВ-инфекција, а новодијагностицираните припаѓаат на различни возрасни групи од 20 до 69 години. Сите новодијагностицирани се од машки пол, додека според начинот на пренос, кај 25 лица инфекцијата се случила во рамките на популацијата на мажи кои имаат сексуални односи со мажи, а четири лица се изјасниле како хетеросексуалци.

Во текот на 2020 година починале вкупно шест пациенти, при што четири лица биле доцна дијагностицирани, а две лица одбиле да се лекуваат.

До овој момент на Клиниката за инфективни болести вкупно 306 пациенти се вклучени во системот на здравствена заштита во врска со ХИВ, а 99% од нив примаат антиретровирусна терапија, што, според Министерството за здравство, е исклучително висок процент. Само три лица сè уште не почнале да примаат терапија, поради тоа што во тек е спроведувањето на неопходни претходни анализи, средување документи поврзани со здравственото осигурување, или по личен избор на пациентот.

Во овој момент кај 91% од пациентите вирусот е супримиран, односно имаат т.н. недетектабилно ниво на вирус во крвта. Се очекува ова да се постигне кај сите пациенти коишто почнале со терапија. Тогаш имунитетот на пациентите може да ја врши својата функција и да се регенерира, а исто така, исклучена е и можноста за пренос на вирусот.

СИДА/AIDS (Acquired immunodeficiency syndrome) е состојба која се карактеризира со постепено намалување на отпорноста на организмот кон инфекции. Предизвикана е од ХИВ (HIV-Human  immunodeficiency Virus), според тоа СИДА-та е терминална фаза на ХИВ инфекција.

  • Каков е животниот циклус на вирусот на СИДА?

Примарна ХИВ инфекција: Непосредно по контактот со ХИВ,

Клиничка латенција: По примарната ХИВ инфекција, може да поминат многу години без никакви симптоми на болест.

СИДА: Како резултат на постојано размножување на вирусот во тек на подолг временски период, настанува постепено намалување на одбрамбената способност на организмот. Затоа во овој краен стадиум на ХИВ инфекција може да се јават различни заболувања (опортунистички инфекции) и малигни болести кои се главна причина за болест и смрт од ХИВ инфекцијата.

  • Кои се изворите на зараза?

 

Секрети и екскрети преку кои може да се пренесе ХИВ инфекцијата кај луѓето се: крв, сперма, вагинален и цервикален секрет,  мајчино млеко, секрет од рана, цереброспинална течност, плeврална течност, синовијална, перитонеална, перикардијална и амнионска течност.

  • Начини на пренесување

Аплицирање на дрога кај интравенски корисници;

Хемодијализа;

Тетовирање, акупунктура;

Трансплантацијата на органи и ткива;

Професионална трансмисија – ги вбројува здравствените работници кои не ги почитуваат општите мерки за заштита;

При ризичен сексуален  контакт, ризикот изнесува 10-15%,

Вертикална трансмисија – во тек на бременост, породување или доење.

 

  • Како се справуваме со сидата?

Третманот на ХИВ е сложен, мултидисциплинарен процес во кој се вклучени повеќе групи на лекови: лекови кои делуваат директно на вирусот (антиретровирусни лекови), лекови кои делуваат на причинителите на опортунистички инфекции, и лекови за одржување и подобрување на имунитетот.

  • Тестирање за ХИВ

ХИВ-тестот е специфичен тест со кој се утврдува или отфрла постоењето на ХИВ во организмот со земање  најчесто на примерок крв или плунка. Периодот кога треба да се направи тестот е најмалку  3 месеци од последното ризично однесување. За дијагностика се користат брзи Rapid test, ELISA и WESTERN BLOOD конфирматорен тест.

Во нашата Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина се прави детекција на Hepatitis C Virus (HCV) , Hepatitis B Virus (HBV) и Human immunodeficiency virus (HIV)  како групен тест.

Преку крв се детектира присуството на нуклеински киселини од HCV, HBV i HIV.  Резултатите од нашите тестирања се добиваат за 24 до 48 часа.