Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Последни новости од нашата клиника

Назад до Дневна доза здравје

29.10.2019

Отстранување на крајниците: Кога се отстрануваат и како тоа се прави во нашата клиника

Тонзилоаденоидектомија претставува хируршка процедура со која се отстрануваат палатиналните тонзили (крајниците) и аденодните вегетации (трет крајник) од ждрелото и сводот на ждрелото (епифарингс). Палатиналните крајници и третиот крајник се акимилација на лимфно ткиво сместено во ждрелото помеѓу предниот и задниот непчен лак и на сводот на ждрелото (епифарингс).

Најчести причини за оперативен третман на крајници:

  • Чести рецидивирачки ангини (3 во една година)
  • Повторливи перитонзиларни абсцеси
  • Назначена хиртрофија на крајниците (која прави опструкции)
  • Отежнато дишење на нос и дишење со отворена уста
  • Хрчење при спиење и Sleep apnea,
  • Доколку честите инфекции влијаат на појавата на чести инфекции на средното уво и намален слух (акутни воспаленија, секреторен отит
  • Клицоносителство, крајниците како жариште (фокус) за инфекции на други органи-(нефритис реуматска треска, алопеција) кога е докажано дека се причина за foetor ex ore.

За да се постави правилна индикација за тонзилоаденоидектомија потребно е да се земе добра анамнеза и да се направат следниве испитувања:

  • ОРЛ преглед (орофарингоскопија, предна риноскопија, отоскопија)
  • Фиберназоепифарингоскопија, брис од нос и грло, ККС со CRP о АСО
  • Тимпанометрија и аудиометрија
  • Полисомнографија (за дијагноза на sleep apnea)

Во Zan Mitrev Clinic оперативните интервенции на крајниците се изведуваат во општа ендотрахеална анестезија со посебен инструмент ULTRACISION-HARMONIC SCALPEL при што се намалува времетраењето на операцијата како и болката и крвавењата во постоперативниот период.

Закажете преглед на 02 / 30 91 484