Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

05.03.2012

Озон терапија

Озон терапија

Двете страни на озонот – Што знаеме и што треба да знаеме

За озонот знаеме дека кога е во пониските атмосферски слоеви се смета за загадувач на Земјиното ниво. Додека пак, озонската обвивка во горните делови на атмосферата го заштитува животот на Земјата од штетната сончева ултравиолетова радијација. Знаеме уште дека озонската терапија, наречена тивка оксигенација се применува во козметички цели, брадавички, молови и други начини за разубавување, вклучувајќи ја и денталната терапија.Но, многу малку знаеме за примената на озонот во медицински цели. Пред сѐ, озонот е високо реактивна молекула што покажува одлични бактерицидни, антивирусни и фунгицидни особини. Неговата употреба во медицински терапии се покажа како многу безбедна, практично без несакани и негативни ефекти врз здравјето на луѓето. Имено, озонот или активниот кислород многу побрзо и илјадници пати поефективно ги уништува бактериите кои се основен причинител за воспаление од било кој друг дезифициенс во природата, и тоа преку реакција на оксидација или силно антимикробно дејство.Иако позитивното влијание на озонот врз човековото здравје не е нова работа, озонот на еден или друг начин се користи уште од средината на 19-от век медицински или за хигиенски цели. Првото спомнување на озонската терапија во медицинските магазини датира од 1920 година, во Британскиот медицински журнал The Lancet. Бројни научни истражувања го потврдуваат неговиот ефект врз цел еден спектар на болести, од рак или обична настинка па се до СИДА.

Озонот во функција на човекот

Get the Flash Player to see this player.

Науката своите истражувања првенствено ги насочи кон откривање на причините за голем број од болестите. Имено, откри дека голем број на болести настануваат првенствено поради недостаток на кислород во ткивата и поради натрупување на токсини во телото. Органските материи, при доволна количина кислород се трансформираат во јаглерод диоксид и вода; молекули кои телото лесно може да ги елиминира. Меѓутоа, во состојба на хипоксија или недоволно снабдување на кислород до ткивата, чија последица е пореметување во функционирањето на органите (поради пушење, лоша исхрана, консумирање алкохол, болест, стрес, неправилно дишење, итн), токсините се акумулираат во ткивата и го нарушуваат нормалното функционирање на организмот. Затоа, хипоксијата е основа на скоро секоја болест, без разлика дали станува збор за инфекција или дегенерација, односно мутација на ткивата.Штом еднаш ќе влезе во телото, озонот, во форма на активен кислород и продукти од неговото распаѓање, доаѓа во контакт со анаеробните организми и ги уништува инфицираните клетки, притоа не штетејќи им на здравите клетки. Поточно, бактериите имаат околу седумнаесет пати понизок метаболен потенцијал од човекот и како такви не се во можност да произведат доволно антиоксиданси, кои го намалуваат активниот кислород на контролиран начин, и со тоа се намалува оштетувањето на клетката. Друго научно истражување тврди дека гранулоцитите, клетки кои се појавуваат на местото на инфекција, користат водород пероксид (еден од производите од распаѓање на озонот во телото) како прва линија во борбата против инфекциите. Студиите покажуваат и докажуваат дека за само 10 секунди озонот го остварува својот поволен ефект, но истовремено ги стимулира сите имунолошки одбранбени механизми и ја зголемува циркулацијата во заболеното ткиво.Јасно е дека озонот има ефект на многу широк спектар на болести и делува на повеќе начини; преку создавање на неповолна атмосфера за развој на патогените организми, јакнење на имунолошкиот одговор и директен ефект на патогените организми кои се затекнати во организмот. Терапијата со озон во овој момент е призната во преку 15 земји и од сите пациенти кои поминале некој тип на терапија со озон не е забележана ниту една смрт или потешка последица како несакан ефект од терапијата. Според Европското медицинско друштво за озон, лекарите моментално озонот го употребуваат кај следниве болести (ќе наведеме само неколку): акни, СИДА, анални фисури, цироза на хепар, габични болести, хепатитис, лузни, сепса, Паркинсонова болест, карциноми итн.Тешко е да се набројат сите болести каде што озонот покажал ефективност. Но, на кратко, ефектите на озон можат да бидат поделени на неколку главни точки:• Озонот стимулира производство на бели крвни клетки, што овозможува голема концентрација на кислород во крвта долго по завршувањето на терапијата.• Озонот може да ги исчисти артериите и да ги олесни и спречи болестите на срцето и крвните садови, преку разградување на наслагите во садовите.• Озонот ја зголемува флексибилноста и бројот на крвните клетки, со што ја подобрува оксигенираноста на ткивата и до неколку недели по лекувањето.• Озонот е многу моќен бактерицид. Метаболизмот на повеќето бактерии е некаде во близина како антиоксидансниот потенцијал на човековите клетки, што ги прави исклучително ранливи дури и при ниски концентрации на озон. Само неколку бактерии можат да преживеат во средина со повеќе од 2% на озон.• Озонот е антивирусен агент. Го напаѓа вирусот директно, преку таргетирање на неговата репродуктивна структура. Исто така, ги напаѓа заразените клетки, кои поради тежината на болеста немаат доволен антиоксидантен потенцијал, па затоа се уништуваат.• Озонот има моќ при лекувањето на рак. Клетките кои се делат брзо, како што се клетките на ракот се многу чувствителни на присуството на озон, бидејќи при големиот број на активности во текот на поделбата не можат да се фокусираат на одбрана од оксидансите.• Озонот го забрзува циклусот на лимонската киселина (Кребсов циклус) преку подобрување на гликолизата, а со тоа и го забрзува користењето на енергијата во телото.• Озонот со своето присуство го подобрува антиоксидансниот ензимски механизам.

Get the Flash Player to see this player.

Како се применува озонот

Постојат различни методи на применување на озон. На пример, ректална инсуфлација, во која на пациентот, преку цевка му се внесува озон во телото. Има шатори со озон и озонски сауни, каде што озонот се апсорбира преку порите. Во Германија долго време се користи и автохемотерапијата. Во овој метод од пациентот се зема малку крв, која се озонира и се враќа назад. Можеби наједноставниот метод е оралната администрација на озонирана вода.

BIOZONIX иновација во медицинската примена на озон

Озонот, како алотропска форма на кислородот, поседува уникатни биолошки својства кои се дефинирани и се применуваат на биолошки системи, како и во клиничката пракса. Како молекула содржи голем вишок на енергија, која иако преку нецелосно сфатен механизам, манифестира дејство кое е бактерицидно, антивирусно и фунгицидно. Во целата историја на примена на озонот во медицински цели, главно прашање е како на економски и сигурен начин да се произведе озонот за да на поедноставен начин биде донесен до болното ткиво.Иако ефект на озонот за лекарите е откриен во 19 век, клинички се применуваат за време на Првата светска војна, опрема направена со цел прочистување и испорачување на озонска мешавина, се појавува дури во 1950 година. Од тогаш, искуствата за озонските третмани односно дистрибуција на озонот до болното место на начин и дози кои не се токсични и се релевантни за клиничките проблеми, значително се акумулирале.

Постарите генерации на озонски генератори се основаат на Сименсовиот принцип (Ozonosan, HealOzone, Prozone), каде што озонот се произведува во генератори кој што преку систем на цевки се доведува и одведува од пациентите, што ја намалува неговата применливост и ја комплицира работата. Најновата генерација на високофреквентни биооксидативни генератори се базира на Теслиниот принцип (Ozonix, Ozonytron, Electromagnetron) и се докажани како поедноставни и подостапни во секојдневната медицинска примена. Кај овие генератори озонот не се произведува во генератор, туку специјална плазмена сонда, која овозможува продукција на озонот на местото на контакт со ткивото. Со помош на електрични полиња со висока фреквенција се постигнува расцепување на молекулaтa на водород која се наоѓа во воздухот. Различни облици на сонди овозможуваат брза и сигурна примена на озонот при бројни стоматолошки како и медицински индикации.