Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

07.08.2013

Паравалвуларни расцепи – помеѓу кардиохирургијата и интервентната кардиологија

Паравалвуларни расцепи – помеѓу кардиохирургијата и интервентната кардиологија

Паравалвуларнoтo (пропуштањe) leak (ПВЛ), е постоперативен расцеп кој настанува окoлу имплантираните залистоци (валвули) на срцето на митрална или аортната позиција. Нивното постоење е значајно по тоа што доведуваат до волуменско оптоварување на срцето и застој на циркулацијата во белите дробови (митралниот ПВЛ) или левата комора (аортниот паравалвуларен расцеп). Во суштината на етиологијата е дефект на ткивото околу протезата на срцето. Во минатото овие постоперативни наоди, се лекувале исклучително по хируршки пат, доколку предизвикувале клинички проблеми кај пациентите.

Слика бр. 1 Слика бр.2

Приказ на случај: пациентот А.Д е роден 1985 година и е опериран во 2012 година, со двоен механички валвуларен репласман. Редовно ехографски контролиран, при што во текот на последните неколку месеци се верифицира за прв пат поголем и хемодинамски значаен митрален ПВЛ (слика 1, 2Д) кој доведуваше до клиничко влошување (замор, гушење, кашлица) и волуменско оптоварување на срцето. Истиот тој ПВЛ одлично е прикажан на 3Д ТЕЕ ехо записот (слика 2, 3Д).

Слика бр. 3 Слика бр.4

Беше донесено решение за негово затварање по неоперативен пат, со помош на катетер. При затварање на ПВЛ со катетер, прв чекор е мерењето на ширината и дожината на расцепот (слика 3, ТЕЕ 2Д), како и одредување на неговата точна локализација (слика 4, 3Д). Следен чекор е пробивање на преградата на срцето со посебна игла и катетер, чиј врв треба да помине централно низ расцепот. Преку посебен систем, катетерот се заменува со поширок, низ кој потоа се вградува посебна жичана протеза чија задача е да обезбеди целосно затварање на расцепот (сликa 5, 3Д). Постинтервентната контрола покажа отсуство на било какво митрално пропуштање (слика 6, 2Д). Клиничките и ехографските контроли покажаа уредна хемодинамика на срцето.На овој начин настана комплетно излекување без повторна операција на срцето.Пациентот е отпуштен дома по 24 часа во добра општа состојба.

Слика бр. 5 Слика бр. 6