Перкутано затварање на перзистентен артериски канал со помош на коил емболизација

Дневна доза здравје

октомври 10,2013

Перкутано затварање на перзистентен артериски канал со помош на коил емболизација- ефикасен и брз начин-ретроградно затварање преку торакалната аорта

Ductus arteriosus persistens (DAP) е честа аномалија со 9%- 15% од сите адулти со вродени срцеви маани (VSM) и во 25% кај други. Новородени со комплексни ВСМ може да имаат ДАП зависна циркулација (прекинат аортен ла, пулм. артрезија без вентрикуларен септален дефект). Протокот зависи од ширината на ДАП и пулмоналната васкуларна резистенција. Постоење на ДАП е непожелно поради можност од артеритис, пулмонална хипертензија, срцева слабоста, Eissenmenger Sy. Лекувањето може да биде хируршко или пeкутано. Морфолошки, според Криченко класификацијата се дели на: тип A (цилиндар, триаголник, конус), C (тубуларна форма) и аортопулмонален прозор, и од тука зависи изборот на протезата за (device’s ili coili). Во суштина постојат два типа на затварање: антеградно (преку белодробна артерија) или ретроградно (преку аорта). Затворањето на дуктусот зависи од формирање на тромб- пред да се извлече катетрот за имплантација. Во различни студии комплетно затворање има кај 95% од пациентите.Прикажуваме случај на младо женско доенче (С.А) на возраст од 5 месеци, со преходно ехографски верифициран ДАП.После адекватна подготовка, во општа анестезија е направена аортографија со приказ на дуктусот. Од овој ангиографски приказ зависи методот на затварање (антеграден или ретрограден). Во суштина, кога може ДАП да се затвори ретроградно, се избегнува антеградното затварање и пункција на феморалната вена, т.е се пунктира само феморалната артерија.

Сл. 1 ангиографски приказ со пигтејл катетер, 4F- аортографија

Потоа следен чекор беше канулација и поминување на ДАП со десен коронарен катетер (JR 4F).

Сл. 2 канулација на ДАП, JR 4F

Преку JR 4F катерот потоа беше имплантиран еден Cook coil 5/3.

Сл. 3 имплантација на Cook coil 5/3

Контролната ангиографија покажа комплетно затварање на дуктусот и отсуство на резидуален шант низ него.

Сл.4 ангиографија после затварање

Во добро организирани услови, со веќе претходен волумен од повеќе од 60-тина пациенти со ДАП третирани во Филип Втори (првиот во 2004-та година), оваа процедура трае помалку од 30 минути.Кај малата С.А. фектите од затварањето се очекувано долготрајни и постигнато е целосно излекување без оперативен зафат. Следниот ден доенчето беше пуштено дома во добра општа состојба.