Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

12.10.2018

По 5 години Алексеј Шестак од Москва повторно во Zan Mitrev Clinic

 

 

Пред пет години на младиот архитект од Москва, Алексеј Шестак, за кратко време многу му се влошила здравствената состојба. Со висока температура и речиси во бесознание бил однесен во една од московските болници каде одлежал десетина дена без при тоа да му се подобри состојбата.

– Имав континуирано дест дена многу висока температура. Имав проблеми до работата на срцето но и покрај упорноста на тамошните доктори за сето време додека лежев во болницата не ми беше прецизно дијагностицирана ниедна болест. Очигледно беше дека морам да барам спас на друго место. Се обратив до доктор Артур Дормитор кој пак за моја среќа долго време соработувал со доктор Жан Митрев, и тој веднаш ме препорача тука. Под итна постапка со авион бев испратен во тогашната болница на доктор Жан Митрев која се наоѓаше во Воената болница во Скопје. Речиси и да не бев свесен што ми се случува ја водев трката со времето, за спас на мојот живот – вака ја започнува својата животна приказна овој наш пациент од Русија кој по 5 години повторно е во нашата клиника, но сега само на контролен преглед инициран токму од доктор Жан Митрев.
Алексеј Шестак во нашата клиника престојувал два месеца, време за кое уште првите денови му била дијагностицирана почетна сепса и бактериски ендокритит. Нашите доктори веднаш почнале борба со инфекцијата за понатаму да се изврши операцијата на аортната валвула која била неопходна. Но, и тука не било се така едноставно. Инфекцијата била толку јака што не можела да се искорени за кратко време па се одлучило во услови на инфективен синдорм да се направи операцијата на валувалата. Со овој чин Алексеј Шестак бил првиот пациент на кој оваа операција му била направена во такви услови, со инфективен синдром. Замената на аортната валвула поминала успешно а борбата со инфекцијата продолжила. Врвната медицинска нега и постојаното следење на секој миг под будното око на нашите доктори донело до резултат после два месеца Алексеј да може да си замине дома.

– Јас речиси и да не бев свесен тие два месеца што се случуваше со мене. Потоа дознав дека за прв пат врз мене била употребена некоја нова метода на хемофилтрација, метода која после се употребувала успешно и кај други пациенти, што ми е посебо драго. Бескрајно му благодарам на доктор Жан Митрев и на целиот тим што пред 5 години ми го спасија животот и ми овозможија нормално да продолжам да живеам. Се занимавам и со спорт и немам никакви ограничувања. Сега после 5 години ја гледам новата болница и фасциниран сум од напредокот. Можам да кажам дека ваква болница немаме во Москва и дека сите вие треба да бидете благодарни што еден ваков здравствен капацитет го имате во вашава држава – задоволно раскажува Алексеј.

По разледувањето на Скопје и неколку места низ државава тој заминува дома продолжувајќи со својот живот во што му посакуваме успех и среќа.