Поддршка од Жан Митрев Клиник и за годинешната Специјална Олимпијада Македонија

Дневна доза здравје

ноември 11,2017

 

Медицински тим од Жан Митрев Клиник и годинава се приклучи на инклузивната револуција на Специјалната Олимпијада Македонија.

За потребите на овој турнир беше обезбедена екипа и медицински возило, кои им беа поддршка на 130 атлети, учесници на кошаркарскиот турнир на Специјалната Олимпијада Македонија. За среќа, медицинската екипа од Жан Митрев Клиник немаше работа, но присуството го искористија за да навиваат за атлетите.

Кошаркарскиот натпревар се одржа на 25 ноември, 2017 во салата на КК Вардар, СРЦ Кале, во организација на Специјалната Олимпијада Македонија, каде учествуваа лица со различни интелектуални попречености (Даунов синдром, дислексија, аутизам, церебрална парализа) на возраст од 10 до 40 години. Истите се натпреваруваа во мешани тимови со Јунифајд партнери од редовна популација при што ги презентираа своите кошаркарски вештини. Турнирот е дел од 14-та Европската кошаркарска недела која се одржува во 35 земји низ Европа со учество од 19.000 атлети и истата е поддржана од ФИБА и Евролигата.