Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

05.03.2019

Подмочувањето не е нормална работа за жените кои родиле – Проф. д-р Васил Илиев

Inkontinencija_ZanMirevClinic_Ginekologija

 

Инконтиненцијата, или неволното испуштање на урина е проблем, состојба која иако почесто се јавува кај жените, не ги одминува ниту мажите. Постојат повеќе типови на инконтиненција, нејзино дијагностицирање, и секако решавање на проблемот.

Квалитетот на живот на пациенти со инконтиненција е исклучително редуциран. При контакт со луѓе, контакт со внуци (ако се повозрасни), постои мирис поради урината. Тие имаат постојано чувство на мокрост и иритација на кожата која се јавува релативно брзо, бидејќи урината е полна со киселина. За жал кај нас, но според моето искуство од работата во странство, и во некои останати земји, многу често жените мислат дека инконтиненцијата, подмочувањето, е нормална работа за жена која што родила, што апсолутно не е точно.

Континенцијата претставува физиолошко, нормално полнење на бешиката, која меѓу две празнења е комплетно сува, односно не доаѓа до истекување на урина.

Инконтиненција е спротивното, односно кога доаѓа до губење на урина, не по желба и не по чувство на потреба за уринирање, туку станува збор за неволно, неконтролирано мокрење поради разни причини. Ова е сложен термин. Ние се раѓаме без можна контрола на мокрењето. Во текот на првата година треба да созреат центрите кои се наоѓаат во ‘рбетниот мозок, и во големиот мозок. Тоа се сензибилни и моторни центри кои што пренесуваат информација за степенот на дистензија на мочниот меур, односно степенот на наполнетост. И тогаш кога ќе дојде до тоа, треба да се најде адекватно хигиенско социјално прифатливо место за да се испразни мочниот меур.

Друга карактеристика на мочниот меур која што е многу важна, а која луѓето не ја осознаваат, е дека тоа е мускулен орган. А, мускул кога се полни тој треба да направи реaкција, да се стегне. Инервацијата прави да тој издржи одредена количина на наполнетост без да се стегне, без да контрахира и да изврши празнење. На пример, срцето е мускулен орган исто така но, тоа штом прими крв веднаш се контрахира и ја проследува понатака во циркулацијата. Тоа е една компарација колку е сложена целата софистицирана неуролошка парасимпатична и симпатична инервација на мускулот на мочниот меур која се вика детрусор. Тоа е исклучително важна консталација.

Дури  26-27% девојки – гиманзијалки имале момент на неволно истекување на урина.

Терапевтските модалитети за решавање на проблемот со инконтиненцијата се поделени на:

  • конзервативни и
  • оперативни.

Конзервативните се состојат од т.н. Кегелови вежби кои допринесуваат за јакнење на мускулатурата на карлицата.

Оперативниот модел за решавање е поделен на:

  • абдоминален и
  • вагинален пристап.

Абдоминалниот пристап е класичен и решавањето се прави со отворање на абдоминалната шуплина или со отварање на абдоминалниот зид, и се влегува во делот каде што треба да се постават суспензиони шавови и да се обезбеди добра потпора на мочниот канал во неговата дислокација при напор.

Вагиналниот пристап исто може да се подели на класичен и модерен.

Класичниот се подразбира во тие супуретрални потпори што се ставаат, но за жал успехот е 37%. Денеска во хирургијата која јас ја практикувам е прифатлив пристап од редот на МИНИМАЛНО ИНВАЗИВЕН ХИРУРШКИ ПРИСТАП. Тоа подразбира вагинален отвор од 9мм и поставување на полипропиленска трака која се поставува на местото под уретровезикалниот спој, која што се инкорпорира и го имитира сфингтерниот механизам, појачувајќи го тој механизам, и служи како потпора кога доаѓа до таа урогенитална дислокација.

Оваа операцијата има успех над 93%, и пациентот веднаш или за еден ден си оди дома – нема резови, не се отвора абдоменот и спаѓа навистина во минимално инвазивни процедури.

Тоа е најадекватен пристап и денес во светот важи за златен стандард – процедура за решавање на стрес инконтиненцијата на урината.

Редовниот преглед е единствен начин за рано детектирање на уринарна и фекална инконтиненција, пролапс на гениталните органи…

Закажете:

1. Бесплатен гинеколошки преглед + ПАП тест – цена на пакет 1500 денари – (редовна цена 3500)
2.Бесплатен гинеколошки преглед + 30 % ПОПУСТ на ехо тест – цена на пакет 1680 денари – (редовна цена 4400)
3. Бесплатен гинеколошки преглед + 45 % ПОПУСТ на ПАП и ехо тест – цена на пакет  2200 денари – (редовна цена 5900)
* промоцијата важи од 01.03-31.03.2019
Dr_Vasil_Iliev_ginekologija_ZanMitrevClinic
  • 113
    Shares