Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

21.08.2012

Предавања на тема “Висок крвен притисок и справување со него”

Предавања на тема “Висок крвен притисок и справување со него”

На 17. Јули 2012 година, во просториите на ДАРЕ ЏАМБАЗ, др. Милка Клинчева – кардиолог и Илија Дојчиновски – психолог, одржа предавања на тема “Висок крвен притисок и справување со него”. Активноста се спроведе во склоп на долгогодишната активна соработка што ПЗУ ФИЛИП ВТОРИ ја има со Црвениот крст на крад Скопје, овојпат во рамки на активностите на Дневниот центар за стари лица. Иницијативата за оваа проблематика произлезе поради нејзината актуелност, топлото време и интересот на публиката.

Др. Клинчева во своето предавање стави акцент на повеќе теми како што се природата на хипертензијата, причините кои доведуваат до неа, даде повеќе практични медицински совети за нејзино успешно менаџирање и појасни некои заблуди врзани за овој сериозен здравствен проблем. Психологот Дојчиновски се осврна на важноста на психолошките фактори во справувањето со високиот крвен притисок како што се стресот и анти-стрес програмите и посочи практични примери и можности за превенирање или намалување на хипертензијата

И покрај топлото време, во салата беа присутни повеќе заинтересирани граѓани кои дојдоа на оваа едукативна средба и благодарение на интерактивниот пристап на предавачите, во текот на предавањата се одвиваше и заедничка дискусија.Помеѓу присутните имаше и претставници од граѓански здруженија кои изразија желба за идна соработка со ФИЛИП ВТОРИ и организирање вакви едукативни средби во други општини и на други теми од здравствен карактер.