Претставници од Светска банка во посета на нашата болница

Дневна доза здравје

јули 07,2017

Жан Митрев клиниката заедно со својот партнер за соработка во областа на персонализирана медицина и генетика, Био Инженеринг ДОО денеска беше домаќин на високи претставници од Светска банка и Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија.

Био Инженеринг Доо беше добитник на престижен грант за иновативност и развој во 2016 години за проектот “Granulis” oд страна на Фондот за иновации и технолошки развој подржан од Светска банка. Како резултат на тој проект во просториите на Био Инженеринг беше отворен центарот за “Применета микробиологија и биотехнологија д-р Кунгуловски”, а додека пак во соработка со Жан Митрев клиниката, беше отворена Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во самата болница.

На состанокот се разговараше за тековната соработка отелотворена во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина и нејзините успеси, но и за идните научно-истражувачки и медицински аспирации на Био Инженеринг и Жан Митрев клиниката. Исто така се разгледуваше просторот за соработка со Светска банка и Фондот за иновации и за проширување на пристапот на персонализирана медицина во остатокот од Балканот и Европа.