Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

02.04.2012

Приказна на една наша пациентка

Приказна на една наша пациенткаЦелта е постигната, ракот е победен и повторно се движи безболно

Пациентката Б.Ф. на педесетгодишна возраст, дојде на консултативен преглед со помош на штаки во придружба на својот сопруг без чија помош не можеше да помине ниту една скала, ниту еден чекор. Видно изнемоштена со безброј не проспиени ноќи поради болки во десната надколеница кои не може да ги одреди дали потекнуваат од таму или доаѓаат од ‘рбетниот столб. Вака се мачи скоро една година и немо`е да се одлучи бидејќи некој од лекарите и велат да се оперира поради протрузија на дискус на рбетниот столб, а други да оди на физикална терапија. Но, и по извршената физикална терапија и бројните лекови против болки, таа и понатака пати и има болки не само во ноќта, туку и преку ден при секое придвижување со ногата. Нејзините ортопеди,ревматолози,физијатри и гинеколози и направиле рендгенски слики, компјутерски томографии и магнетни резонанси на ‘рбетот, но нема подобрување по спроведеното лекување. Состојбата се влошувала од ден во ден. Со сопругот одлучиле да дојдат на консултативен преглед во болницата “Филип Втори”. После прегледот и направените дополнителни испитувања се констатирало дека се работи за ретка форма на рак на горниот дел од десната надколеница – хондросарком со димензии 10 см-8 см.Б.Ф. беше соочена со сериозна болест рак на бутната коска, можна ампутација на десната нога, како и со проширување на болеста и брз лош крај.После првичниот шок во кој западнаа пациентката и нејзиниот сопруг, таа одлучи да се бори и си постави цели: да го победи ракот, да ја сочува ногата , повторно да се движи и да го спаси животот. Операцијата и беше единствената шанса, бидејќи овој тип на рак не реагира на хемотерапија , ниту на радиотерапија. Дилемата дали да се жртвува ногата да се изврши ампутација или да се спаси ногата, брзо беше решена. Среќата беше голема што во специјалната болница за хируршки болести, Филип Втори има специјално дизајнирана ендопротеза за нејзиниот случај, а уште повеќе што веруваше во екипата и во болницата во која дојде да се лекува. Доколку ја немавме таа ендопротеза ќе требаше да се чека неколку месеци, а за тоа време туморот објективно можеше да се прошири, со што шансите да се спаси животот и да се спаси ногата ќе беа изгубени. Го прифаќам ризикот и одлучувам да се спаси ногата, храбро рече пациентката.

Операцијата помина во најдобар ред. Резултатите од операцијата покажаа дека се работи за хондросарком, рак на бутната коска од рскавично потекло. Хистолошките наоди зборуваа дека туморот е отстранет целосно до здраво. Тоа даваше гаранција дека резултатите од операцијата може да бидат добри. Сега 2 години после операцијата Фикрије е потполно здрава, подвижна, ги извршува домашните работи, живее без болки и смета дека најголемите опасности од повторување на болеста или нејзино ширење се поминати.Таа е горда што нејзината приказна е успешна. Б.Ф. се надева дека нејзиното искуство ќе им помогне на другите пациенти кои биле во слична ситуација, да живеат и да одат повторно. Благодарна е на тимот кој учествуваше во нејзиното лекување, а најмногу е благодарна на болницата за хируршки болести „Филип Втори” од Скопје, за брзото, ефикасно и евтино лекување. Радосна е што сега им помага на другите со слични проблеми, а често и им препорачува да се лекуваат во болницата “Филип Втори “ од Скопје. Во овие две години се омажи нејзината ќерка и се ожени нејзиниот син. На среќата ѝ нема крај што наскоро очекува внуци од своите деца.

1. Пред операција 2. По операција