Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

30.01.2015

Прв конгрес на медицински сестри и техничари на интензивна нега на Босна и Херцеговина

Прв конгрес на медицински сестри и техничари на интензивна нега на Босна и Херцеговина

Од 21.11-.24.11.2014 во Фојница, Босна и Херцеговина се одржа Првиот конгрес на медицински сестри и техничари на интензивна нега на Босна и Херцеговина со меѓународно учество.На овој конгрес учествуваа околу 150 учесници од сите земји во регионот, Македонија, Турција, Словенија, Хрватска, Германија, Србија, Босна и Херцеговина, Кипар и Италија, а активно учество зедоа и пациенти кои ги поделија своите искуства стекнати за време на нивниот престој во единиците за интензивно лекување.Активно учество на овој конгрес од Специјалната Болница „Филип Втори“ земаа Жанета Богоевска Митева и Гордана Бошеска. Жанета Богоевска Митева, како гостин предавач, одржа предавање на тема: “Инвазивни процедури на интензивна нега во Филип Втори”, во кое беше истакната важноста од изведување на инвазивните процедури на „пациент место“, со што се бележи значително скратување на времето до добивање на третман и намалување на стресот кај пациентите. Употребата на најсовремените средства и техники за изведување на инвазивните процедури кои беа претставени преку кратки филмови снимени на нашата интензивна нега, предизвикаа голем интерес кај присутните. Во делот на дискусии, Гордана Бошеска го престави начинот на едукација во нашата установа, кој наиде на голем број пофалби и одобрувања од учесниците.Овој конгрес придонесе за промоција на нашата болницата и можност за разменување на искуства со останатите земји од регионот, како и основа за понатамошна меѓусебна соработка.