Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

13.12.2013

Рационална употреба на антибиотици

Недела за подигнување на свесноста за рационална употреба на антибиотици: 18–24 ноември

Иако некогаш развојот на антибиотици беше една од најголемите достигнувања во медицината, сега преголемата и несоодветна употреба на истите е вистински проблем. Причина за тоа е настанатата антибиотската резистенција (отпорност на микроорганизмите кон антимикробните средства). Antibiotic Awareness Week е глобална иницијатива за подигнување на свесноста кај здравствените работници и пошироката популација за да се научи повеќе за антибиотската резистенција и важноста од соодветна употреба на антибиотици. Антимикробна резистенција претставува отпорност на микроорганизмите кон одреден антимикробен лек кон кој предходно биле осетливи. Резистентните микроорганизми имаат механизми со кои се спротивставуваат на дадените антимикробни средства а со тоа стандардните начини на третирање постануваат неефикасни а инфекцијата перзистира и е голем ризик за нејзино понатамошно ширење. Еволуцијата на резистентни соеви е природен феномен кој настанува кога микроорганизмите се изложени на антимикробни средства, и резистентните особини може да бидат разменети помеѓу одредени типови на бактерии. Овој процес на настанување на антимикробна разистенција неможе да се спречи, но со прекумерната и несоодветна употреба на антибиотици процесот значително се забрзува.Што значи несоодветна употреба на антибиотици?

1. Препишување антибиотици кога не е неопходно, како кај вирусни инфекции или пролонгирана профилакса2. Употреба на антибиотици со широк спектар (цефалоспорини од трета генерација, карбапенеми) кога и антибиотици со потесен спектар се ефикасни.3. Препишување на премногу ниски или премногу високи антибиотски дози4. Антибиотски третман подолго отколку што е потребно 5. Давање антибиотик без микробиолошки резултат6. Прескокнување или доцнење со антибиотските дози7. Препишување интравенозна терапија кога и оралната е ефикасна и клинички корисна8. Неземање антибиотици како што е пропишаноОдговорноста за употребата на антибиотици е не само на тие кои ги препишуваат туку и на тие кои ги користат. Утврдено е дека повеќе од 50 % од антибиотиците се непотребно дадени (кашлица, вироза…)Антибиотиците се единствени лекови кои допринесуваат до глобална штета, сите останати само индивидуална