Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Што е магнетна резонанца на срце и како се изведува

Назад до Дневна доза здравје

03.10.2019

Што е магнетна резонанца на срце и како се изведува

Магнетна резонанца (МР) на срце е неинвазивна дијагностичка метода која користи магнетно поле и радиофрекфентни бранови за да создаде детална слика на срцето, крвните садови и околните органи.

За што може да се користи магнетна резонанца на срце?

  • Да се провери дали има оштетување на ткивото од миокарден инфаркт, колкаво е тоа оштетување и дали е трајно (вијабилитет на миокард)?
  • Прецизна проценка на срцева слабост, потенцијални причини за срцевата слабост
  • Евалуација и дијагностика на кардиомиопатии (дилатативна, хипертофична, рестриктивна амилодоза)
  • Дијагностика на миокардитис (инфламација на срцевиот мускул)
  • Валвуларни маани
  • Проценка на перикардот (обвивката околу срцето)
  • Проценка на конгенитални срцеви аномалии

МР на срце е безбедна и безболна дијагностичка процедура. Луѓе со било какви уреди со метали во и на телото не би требало да се снимаат без потврда дека уредот е безбеден за МР тестирање (MRI safe).

Такви уреди ги вклучуваат следните:

  • Електростимулатори на срцето (пејсмејкери), имплантирани кардиодефибрилатори (ICD) и уреди за ресинхронизациона терапија (CRT)
  • Импланти во внатрешно уво
  • Имплантирани инфузиски пумпи, неуро-мускулни стимулатори, интраутерини уреди за контрацепција
  • Клипси за мозочни аневризми
  • Некои дентални импланти
  • Било какви метални делови во телото

Пред прегледот треба да се пријави доколку пациентот е во тек на бременост, има тетоважи, има стент, валвуларна протеза или хирургија на срцето или бубрежна болест.

Што се случува за време на прегледот?

  • Прегледот обично трае 30-60 минути
  • Пациентот лежи на комфорна движечка маса со слушалки преку кои се слушаат упатствата на технологот
  • Потребна е соработка на пациентот во однос на земање воздух, издишување и задржување на здивот во тек на неколку секунди
  • За цело време се следи ЕКГ, кислородна сатурација а пациентот може слободно да зборува со технологот додека трае прегледот
  • Доколку е потребна апликација на контраст, пред прегледот се планира интравенска канила во раката

По прегледот возможно е веднаш враќање на нормалните активности. Нема никави ограничување со оглед на тоа што нема јонизирачко зрачење. Резултатите од прегледот вообичаено се добиваат по 2-3 работни дена.