Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

06.11.2015

Специјалната болница „Филип Втори“ добитник на национално признание за проектот „ТУКА КОГА СМЕ НАЈПО

Специјалната болница „Филип Втори“ добитник на национално признание за проектот „ТУКА КОГА СМЕ НАЈПОТРЕБНИ“

Во организација на Министерството за економија на РМ по осми пат беа доделени награди и признанија за најдобрите општестевено одговорни практити на македонските претпријатија . На конкурсот беа пријавени 34 мали и големи фирми, со 50 проекти поделени во 5 категории. Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ учествтваше со проектот „ТУКА КОГА СМЕ НАЈПОТРЕБНИ“ во категоријата вложување во заедницата во рамките на големи претпријатија. За истиот беше награден со признание кое беше врачено од страна на претседателот на Координативнто тело за општествена одговорност на претпријатијата г-динот Александар Николов.

Проектот се одвиваше континуирано преку помош во храна и лекови на социјално загрозените лица како и бесплатни здравствени услуги прегледи, операции, интервенции. Исто така едуктивна и здравствена помош преку различен пристап на поедини целни групи за подигање на свеста за значењето на здравјето и промоција на здравиот живот. Организрање на седумдневен камп на родители и деца наши пациенти со вродени срцеви мани, кој традиционално е во соработка со Црвениот крст и се реализира во Струга. Советувања за болни и работилници за пензионери и млади. Сите овие активности се спроведуваа од страна на тимот лекари на „Филип Втори“ по иницијатива на Академик д-р Жан Митрев. Ова признание доделено од државата е поттик за понатамошни успеси и општествена одговорност во заедницата.