Свечено отворање на новиот објект на Специјалната болница „Филип Втори“

Дневна доза здравје

март 03,2016

Не случајно избран датум,  не случајно избрано време  01.03.2016, 16.00 часот. Се отвори една од најмодерните болници во Европа, новиот објект во кој ќе работи д-р Жан Митрев со својот тим. Точно пред 16 години  кардиоваскуларниот хирург д-р Жан Митрев ја направи првата бајпас операција во Македонија. Честа со д-р Митрев да ја отвори болницата ја имаше првиот опериран пациент г-динот Коста Шапков. На свечениот чин присуствуваше државниот врв, видни личности од општествено-културниот и политичкиот живот во земјава, како и врвни лекари од многу земји од светот. Д-р Митрев на своите гости им ја претстави болницата преку прошетка низ катовите, разгледување на просториите и на се она што значи последен збор на медицината применет преку  највиски стандарди во работењето. Во продолжение следува фотогалерија од овој дел на отворањето.