Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

27.01.2022

ТАВИ процедури – Продолжен животот на 8 пациенти со аортна стеноза

Процедурата ТАВИ (Trans catheter Aortic Valve Implantation) претставува комплексен зафат на вметнување на аортна валвула без операција на отворено срце.
Од почетокот на годинава, во месец јануари, за само 2 дена беа направени вкупно 8 вакви зафати при што беспрекорно вешто беа поставени биолошки залистоци вградени во протеза од метална мрежа (слична на коронарен стент, но значително поголема), кои во потполност да ја извршуваат функцијата на тролистниот аортен залисток.

ТАВИ зафатите беа спорведени од тимот за интервентна кардиологија на чело со д-р Вилма А. Соколов и д-р Шпенд Идризи, кардиохирургот д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, тимот од анестезија и РТГ дијагностика и подготовка на аортните валвули од страна на м.с. Соња Русевска.

Ваквите зафати се препорачуваат кај пациенти со аортна стеноза која е всушност стекната болест на срцето. Најчесто пациентите се разболуваат уште во детска возраст, а предизвикувачот е ревматска треска. Болеста потоа се развива повеќе години и напредокот е индивидуален и може да трае и до 15-20 години. Обично во почетокот се идентификува како шум на срце кој персистира за цело време на болеста. Потоа, со примена на ехокардиографска проценка се утврдува степенот на болеста и се дваат препораки за понатамошно следење. Кога аортната стеноза ќе се развие, пациентите чувствуваат симптоми како: замор, гушење, градна болка, вртоглавица, а кај некои и губиток на свест.

При ваква состојба односно тежок степен на болеста и присуство на наведените симптоми се препорачува третман на аортната валвула. ТАВИ зафатот е најдобра опција за пациентите кои се високоризични, возрасни со многу коморбидитети или претходни операции на отворено срце.

Целата процедура трае кратко, но е претходно добро испланирана. Нема ургентни ТАВИ процедури, туку само планирани. По МСКТ на аорта по кардипротокол со мерње и проценка за големината на валвулата и стратегија за самата интервенција. Валвулата е индивидуална и се порачува наменски за секој пациент.
Направени се 19 ТАВИ процедури во 2021 и 8 процедури во 2022.