Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

11.11.2016

Тимот на д-р Митрев препознатлив по сложените операции надвор од Македонија

Бранко Рајко, пацинетот од Умак, Хрватска, кој е на закрепнување во болницата, по успешно завршена операција го сподели неговото искуство од медицинската услуга и грижата при лекувањето во болницата “Филип Втори“. При разговорот со него, очигледно беше неговото задоволство од успешно извршената васкуларна операција, аортно-бифеморално премостување, од страна на д-р Жан Митрев. За болките во коленото и тешкотии во движењето кој ги имал отпочнал да бара спас во клиниките во родната Хрватска. По неколкуте негативни одговори од тамошните клинини дека кај нив не може да се изврши таква сложена операција, г. Рајко, по препорака на докторка од клиника во Ријека, закажува преглед кај д-р Митрев. По дијагностицирањето на болеста и потврдниот одговор од докторот дека може да се направи операција во болницата, му се враќа оптимизмот. Операцијата е направена на 18 октомври 2016 година, и оттогаш до денес, тој закрепнува и веќе не само што ја движи ногата, туку и оди. “Среќен сум и задоволен што ако до пред еден месец не можев да се движам, сега тоа го правам. Благодарност до докторот, но и целокупниот персонал за грижата и негата околу мене. Моето искуство ќе го споделувам со сите мои сонародници, пријатели“, рече г.Рајко. По професија градежен инженер, тој сподели свое видување и за целиот амбиент и современата специфична градба со вметнати ориентални елементи на болницата. „Смиреноста која ја нуди амбиентот во оваа болница е императив за квалитетна услуга, која во комбинација со стручноста на персоналот ја истакнува од сите останатите во регионот“, додаде тој. Ви посакувам многу успеси и понатаму, а со новитетите кои ги нудите со генетиката отворате нови страници во медицината на овие простори од Балканот, заврши тој. Ние му посакуваме на г. Рајко многу здравје и весели моменти понатаму во животот и мирен лет за дома!

Тимот на д-р Жан Митрев, веќе неколку години во континуитет го освојува просторот на т.н. медицински туризам, во регионот и пошироко. Бројни пациенти од земјите од Европа, но и пошироко ги почувствувале благодетите од медицинските услуги во болницата. Тимот на д-р Жан Митрев поради изведувањето на најсложени кардиоваскуларни операции, навремената и презицна дијагностика, но и секојдневното воведување на нови оперативни техники и инвазивни процедури, со право го носи епитетот на инзворедност во работата во регионот и пошироко. Носители и на бројни награди и признанија, секогаш отворени за нови предизвици и искуства водат кон врвни резултати и новитети,  кои се промовираат пред стручната јавност на средбите и состаноците во престижните Европски здруженија во кои членуваат, како што е EACTSA (Европско здружение за кардиоваскуларна хирургија). Сепак, усните признанија кои ги добиваат од задоволните пациенти се највредната награда за овие професионалци чија мисија е спасен живот, понудена професионална, квалитетна  медицинска услуга, совети за подобар, поздрав и среќен живот.

Делата кои говорат сами по себе, сведоштвата од задоволни пациенти се највредниот показател за нивната работа…Поголемиот број од пациенти поминуваат и по илјадници километри во пат, најчесто, во тешки и критични моменти. Но, тие непријатни моменти се анулираат кога нивниот живот е спасен, кога ќе ја добијат посакувана медицинска грижа.                                                      Велат дека вредноста на човечкиот живот се цени кога од сигурна смрт не делат минути или секунди, кога за болеста ќе се најде лекот, кога повторно ќе се појави ентузијазмот за живот…         За непроценливата вредност на животот, за моментите кога ја губеле надежта дека има спас или решение за здравствениот проблем, но и кога има некој стручен да им пружи рака и им се враќа оптимизмот, говорат пациентите од повеќе земји кои се лекуваат во болницата…