Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

04.08.2015

Успеавме да ја спасиме десната нога на Џамбазов во прашање беа минути…

„Да те оперира Жан Митрев тоа е исто како да ти режира Стивен Спилберг , или како да те тренира Жозе Мурињо“

По две успешни операции, на левата и на десната нога Игор Џамбазов денеска ја напушти Специјалната болница „Филип Втори“. Примен е на 21 јуни, по направените прегледи веднаш е опериран.

За неговата состојба зборува медицинскиот директор на болницата Д-р Тања Анѓушева:
„ Џамбазов дојде со јаки болки во левата нога, која му беше студена и модра. Се направи компјутерска томографија која покажа отсуство на периферна циркулација односно недоволно хранење на ногата со крв, во пределот од препоните надолу. Се донесе одлука за итно оперативно лекување . Со отстранување на ново настанатите акутни тромби и крвните садови се доби одлична циркулација. После оперативното имаше уреден проток на крвта. На компјутерт беше верифицирано дека има промени во циркулација на десната нога. Регистрирани се како хронични промени во висина на крвните садови на зглобот на коленото, поради што во втор акт се одлучи да се направи бај пас. На десната нога се употреби вена од истата страна и се направи премостување на запушениот дел. После оперативно циркулациски се доби одличен доплер наод, се направи контролен компјутер и на него се верифицира дека проодноста на крвните садови на долните екстремитети кај Игор е одлична.“
Престојот на Игор во нашата болница беше приказна која ќе се раскажува долго задари неговиот посебен дух. Му поставивме неколку прашаања а тој како и секогаш расположен за разговор онака непосреден ,започнавме од неговото доаѓање овде …
„ Тука ме донесе проблемот кој се таложел со години и години нездрав живот. Моите бурни 30-ти и 40-ти. Уште за време на пробите за големиот концерт во Борис Трајковски пред скоро 2 години, почнав да чувствувам трнење во нозете кое во наредните неколку денови полека прераснуваше во непријатна болка. Се залажував дека тоа ми е од незгодната поза во која седам на шанк-столчињата за време на концертите, иако знаев дека не е така. Во последните две години интензитетот на тие болки беше се посилен и посилен после секој настап. Конечно, пред две недели, во Гевгелија се разбудив со двете нозе потполно вкочанети и целосно побелени. Едноставно не ги чувствував. Како да не беа дел од мене.„
На прашањето зошто изборот за болница го направил да биде „Филип Втори“ , Игор одговара :
” Во целата таа паника, што ме фати, а која не ја покажував пред моите домаќини од студиото REWIND, сепак ги замолив да ме однесат на лекар. За десетина минути веќе бев кај д-р Хаџи Николов, во неговата ординација. Тој, само што ми ги виде нозете, ме погледна мошне сериозно и ми рече под итно да одам за Скопје, и тоа право кај д-р Жан Митрев. Така и направив. Многу сум му благодарен за тоа. За само два часа бев тука, а во наредните два веќе бев во операционата сала.Пред да велзе во операциона сала за што размислувал духот овде е пресуден, вели Игор….„Тоа е поврзано со личниот однос кон животот и смртта. Јас имав квалитетен живот, па со право очекувам таква да ми биде и смртта. Затоа, ниту имав страв, ниту ќе го покажев да го имав. Сето тоа го свртив на шега, иако ситуацијата беше алармантна.
Во тој стил ми продолжија и деновите што следуваа. Персоналот ме прифати таков каков што сум, особено д-р Танја Анѓушева, која комплетниот третман кон мене и мојот проблем, го изигра како најголем професионалец. А исчекувањето, неизвесноста и напнатоста ги почувствував особено пред втората операција, која беше многу покомпликувана и далеку поопасна. Но имав среќа за тоа да биде задолжен д-р Жан Митрев. Да те оперира тој, тоа ти е исто како да ти режира Стивен Спилберг, или како да те тренира Жозе Мурињо. Затоа бев потполно спокоен“

Дали после оваа добена битка ќе му се предаде на живтот примерно , дали сега е поинаку значењето на здравјето, после се . „Па јас тоа се обидувам да го правам во последните неколку години. Затоа и направив четиригодишна пауза со алкохолот, затоа и го одбрав моето Слепче за последна сериозна станица во животот. Но како што кажав и на почетокот, ова што ми се случи е резултат на еден сериозен минат труд. Тука научив една многу важна работа. Не тоа колку е важно да се чува здравјето, тоа го знам од дете. Тука научив колку МАЛКУ е потребно за да се зачува здравјето. Еве веќе две недели не пушам цигари, и тоа ми е најголемата пауза во последните 35 години. Ќе се обидам конечно да се откачам од нив. Можеби по некоја убава домашна ракиичка за дегустација и уште една за циркулација, ќе бидат сосема доволни. Персоналот беше посебна приказна. Колку што мене не ми беше мило што сум тука, толку тие уживаа во нашата дружба. Имаше многу смеење, фотографирање, вицови…Сигурен сум дека ќе останат убави спомени. И за нив, а и за мене. Спомен на мојата авантура во Филип Втори, кај Жан Митрев Први.И на самиот крај, големо БЛАГОДАРАМ на сите познати и непознати хомо-сапиенси кои дојдоа да ме видат, а и на сите оние кои ме подржуваа преку социјалните мрежи, а беа во огромен број. НЕ УДИРА ГРОМ ВО ВАКВА ДЕБЕЛА КОПРИВА!!! “