Успешна брза рехабилитација после билатерална тотална ендопротеза на колената

Дневна доза здравје

септември 09,2014

Успешна брза рехабилитација после билатерална тотална ендопротеза на колената на комплетно неподвижна пациентка

Пациентка на 70- годишна возраст, примена за ортопедски оперативен третман поради силни болки во двете колена и комплетна неподвижност од пред неколку месеци. Ортопедски преглед со наод за гихт и билатерална гонартроза. Коморбидитети: артериска хипертензија, хиперлипидемија, хипотиреоза и обезност со индекс на телесна маса поголем од 30 (BMI 43.3). ТТ 125 кг.После соодветна подготовка, во прв акт се направи- имплантација на ендопротеза на левото колено (implantatio endoprothesis totalis geni l. sin. Cemented LIMA BIOLOX ceramic). Пациентката е мобилизирана вториот постоперативен ден, мобилизациите отежнати поради силни болки во десното (неоперирано) колено!

Пет дена по операцијата на лево колено, се изведе операција и на десното колено со имплантација на тотална ендопротеза (implantatio TEP geni dex. cemented sec. MULTIGEN LIMA).

После вториот оперативен зафат, процесот на рехабилитација продолжи со истиот интензитет и беа третирани двете колена со соодветен физиотерапевтски програм и мобилизациони постапки.Пациентката на вториот постоперативен ден од операцијата на десното колено беше едуцирана и беше во состојба да се мобилизира со одалка и со патерици.

После успешно спроведената рехабилитација, пациентката на 14-иот постоперативен ден од првата операција беше отпуштена од болница комплетно оспособена за самостојни мобилизации.