Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

27.03.2014

Високостепена стеноза на обете каротидни артерии кај 62- годишен пациент – приказ на случај

Високостепена стеноза на обете каротидни артерии кај 62- годишен пациент – приказ на случај

Крвта ги пренесува хранливите материи и кислородот до мозокот преку каротидните артерии, што значи преку каротидните арерии се храни мозокот. Поради натaложување на маснотии во ѕидот на артериите, доаѓа до стеснување на нивниот луме, а воедно и до многу лесно предизвикување на мозочни удари, или пак до привремени недостатоци на кислород во мозокот наречени ТИА (транзиторна исхемична атака). Болеста може да се јави на левата или на десната каротидна артерија или и на двете заедно, како во нашиот случај, при што се отежнува лечењето и се влошува прогнозата кај пациентот. Околу 75% од случаите со мозочен удар, барем еднаш во животот претходно имале ТИА што претставува привремен невролошки дефицит и обично трае околу 24 часа, а мозочниот удар за разлика од ТИА се карактеризира со траен невролошки дефицит. Маж на 62- годишна возраст, се јавува на кардиоваскуларен преглед заради чести синкопи кои започнале пред 2 месеци, но во последните неколку дена пред прегледот се с’ почести и по неколку на ден.

Сл. бр. 1 Сл. бр. 2

Во тек на прегледот, пациентот е со губиток на свест за неколку секунди. Направен е доплер на каротидни артерии, со што е верифицирана високостепена стеноза (>95%) на обете интерни каротидни артерии (АКИ). Ехокардиографски без особености. Индицирано е ургентно да се направи МСКТ на каротидни артерии со церебрална ангиографија и мозок. Верифицирани се критични стенози (95-99%) на обете АКИ (сл. 1 лева АКИ, сл. 2 десна АКИ – предоперативно) со несигнификантни промени на мозокот.

Сл. бр. 3 Сл. бр. 4

Поставена е индикација за ургентна тромбендаректомија (ТЕА) на обете АКИ последователно, со период од 10 дена, од едната до другата операција. Пациентот веќе после првата операција е со подобрување на состојбата и без синкопи од првата до втората ТЕА (сл. 3 лева АКИ, сл. 4 десна АКИ – постоперативно). Ризикот од трајни последици кај пациенти со критични стенози на една АКИ е висок (>70%), а со критични стенози на обете АКИ може да биде фатален. Пациентот се следи 1 година, се чувствува добро и после операцијата никогаш се немаат повторено епизодите на губиток на свест. Кај пациентот е поставена брза дијагноза и направен ургентен третман на обете АКИ, со што е спречено добивање на голем мозочен удар и тежок инвалидитет, а можеби и смрт.