Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Последни новости од нашата клиника

Назад до Дневна доза здравје

08.11.2019

Врвна медицинска грижа и беспрекорна удобност – Апартмани во Zan Mitrev Clinic

Zan Mitrev Clinic располага со 17 000 квадратни метри вкупна болничка површина во која има 128 болнички кревети, од кои на одделот Апартмани има 10 кои се распоредени во стандардни апартмани и во два луксузни.

Мултидисциплинарниот пристап е нашиот адут во негата на пациентите кои се хоспитализирани во одделот апартмани, исто како и на другите оддели. Брзата достапност на сите специјалисти кои се вработени во болницата придонесува и за брза дијагностика и третман, редовни визити и лесна комуникација со нив од страна на пациентите. Мултидисплинарниот тим е составен од лекари специјалисти, медицински сестри, физиотерапевти, психотерапевти, нутриционисти и болничари. Сите овие наброени профили секојдневно ги посетуваат пациентите кои престојуваат и прават заеднички индивидуален план за нега и рехабилитација.

На одделот се спроведува и продолжена рехабилитација за различни болести и состојби, како на пример постоперативна кардиорехабилитација, постоперативна рехабилитација при ендопротези на долните екстремитети и пост мозочен инфаркт.

Физиотерапевтите се исто така дел од мултидисциплинарниот тим и во соработка со другите специјалисти се спроведува индивидуална медицинска рехабилитација, во определени часови од денот. Нашите физиотерапевти се единствените во државава кои спроведуваат респираторна физиотерапија која е наменета за различни типови на пациенти со респираторни компликации и заболувања. Исто така овде се спроведуваат и кинезитерапевтски третмани со индивидуален пристап според потребите на пациентот. Тимот на физиотерапевти располага со различни софистицирани уреди за електротерапија и механотерапија кои се на располагање на пациентите.

Исто така на овој оддел посетата на пациентите трае три часа т.е. од 15 до 18 часот секој работен ден и од 12 до 15 часот за викенд и празници. Со ова на нашите пациенти им се пружа поголем временски интервал да бидат со своите блиски и да се чувствуваат комотно во нивното опкружување додека престојуваат во нашата клиника.

Освен долгиот временски интервал за посета на овој оддел постои можност за заеднички 24 часовен семеен престој во апартман по избор на пациентот. Со ова се дополнува третманот на пациентот и се врши едукација и подготовка на член од семејството за определени рехабилитациски техники кои можат да им помогнат во домашната рехабилитација по отпустот од болницата.

На овој оддел пациентите има целосна достапност до Интернет, LED ТВ, храна А-ла карт мени од ресторан „Пулс“ и мултидисциплинарен пристап во 24- часовната медицинска услуга за која е задолжен персонал кој 24 часа им е достапен на пациентите.

Секој апартман е опремен со уред за хромотерапија. Станува збор за осветлување кое е уникатно за овие простории и нуди софистициран третман со што се влијае на заздравувањето на пациентите.

Хромотерапијата, е метод на третман при што се користи видливиот спектар на бои и светлината за да се лекуваат различните типови на заболувања. И ова е стар вид на пракса којашто доведува до хомеостаза, односно до релативен баланс помеѓу духот и телото.

Секоја боја има своја енергетска вредност, а светлината е енергија, чијшто феномен, бојата, е продукт на енергијата и материјата. Заедно со бојата, светлината емитира топлина, електрицитет и магнетизам и на тој начин со своите составни бои може да го лекува умот, телото, но и духот. Постојат доволно докази коишто ги покажуваат овие органски реакции во флората и фауната и не залудно на луѓето коишто страдаат од различен вид на постоперативни трауми и шокови им се сугерира да појдат во природа на рехабилитација и релаксација.