Заедно со карванот на Филип Втори до подобро здравје

Дневна доза здравје

август 08,2012

Заедно со карванот на Филип Втори до подобро здравје

(Скопје, 25.06.2012) – “Заедно за подобро здравје” е карванот на „Филип Втори“ и Црвениот Крст на Македонија кој и оваа година ќе ја продолжи својата едукативна мисија. Тема на годинешниот карван е „Дијабетот и кардиоваскуларните заболувања“.Карванот започнува од Струга и Охрид, кои ќе бидат првите градови посетени од стручните екипи на „Филип Втори“ со цел едукација на населението и превенција на овие чести компликации. Првото предавање ќе се одржи на 26 јуни, вторник, во Струга во просториите на Општинската организација на Црвениот крст со почеток во 10.00 часот, а истиот ден карванот продолжува во Охрид, во Црвениот крст со почеток во 18.00 часот.„Неуморните залагања за унапредување на здравјето на човекот се оние кои постојано и непречено ги мотивираат овие две институции да спроведуваат бројни активности со кои придонесуваат за подобро здравје. Оваа година се сконцентриравме на темата „Дијабетот и кардиоваскуларните заболувања“ заради растечката појава на овие компликации меѓу македонската популација. Започнуваме од Струга и Охрид, но активностите не завршуваат овде, карванот продолжува и во наредните месеци во останатите градови низ Македонија“, изјави Марјан Кузманоски специјалист уролог од Филип Втори. „Дијабетот и кардиоваскуларните заболувања“ е насловот на предавањето кое ќе го оддржат Доц. Д-р. Милка Клинчева и Д-р. Јасмина Зафировска, доктори по интерна медицина. Љубица Наумоска – психолог и психотерапевт од Одделот за психологија и психотерапија ќе оддржи предавање на тема „Психолошки совети во превенција на дијабет“. Со ова предавање ќе бидат опфатени и разгледани поголемите дилеми со кои дијабетичарите се соочуваат во нивниот секојдневен живот. Дополнително, како гостин ќе присуствува и Асис. Др. Константин Митев – специјалист хирург ќе ги презентира новините во работењето на Одделот за ортопедија и трауматологија. Во следните три месеци, ќе бидат посетени и други градови, Струмица, Велес, Штип, Гостивар, Тетово и Битола, граѓаните ќе може да бидат дел од овогодинешниот карван. По тој повод, во овие градови ќе бидат оддржани неколку предавања и посетителите ќе имаат можност за дискусија и кратки консултации по секое од предавањата.