Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

29.10.2018

Zan Mitrev Clinic добива тим физиотерапевти лиценцирани за кинезиотејпинг

My alt text

Викендов во Zan Mitrev Clinic се одржа првата и втората фаза (ниво) од кинезиотејпинг курсот, којшто го следеа физиотерапевтите од клиниката а е во организација на Македонското физиотерапевтско здружение, со техничка поддршка од нашата клиника.

Едукацијата на нашиот тим ќе продолжи и во март следната година каде што физиотерапевтите ќе го проследат третото ниво на курсот каде што ќе се учат некои поспецифични техники од оваа метода. Моментално двајца од физиотерапевтите коишто работат во Zan Mitrev Clinic се Кинезиотејпинг практичари и имаат лиценца за практикување на оваа техника а со курсот на пат се ваква лиценца да добија и останатите тројца од тимот. Едукацијата и стручната наобразба продолжува и се надоградува.

Едукацијата ја спроведува кинезиотејпинг инструкторот Драган Димитријевиќ од Белград, Србија, кој вели дека е фасциниран од нашата клиника од повеќе аспекти.

– Високо професионално, модерно, одлично организирано, сите впечатоци ми се максимално позитивни од Zan Mitrev Clinic. Тука кај вас се пратат па и предводат тие светски стандарди кои ги имам видено во многу врвни болници низ светот. Нивото на организација е супер. Кинезиотејпинг е специфична техника кој јапонскиот стручњак Д-р Кензо Касе го смислил и претставува еден вид револуција во третирањето на човечкиот организам во контекст на оној начин на кој го посматра западната медицина.

Западната медицина го посматра телото локално а ние овде го гледаме холистички, значи се третира целото тело и има специфична дијагностика која покажува на пример ако ве боли рамото не мора да значи дека причината за таа болка е во рамото. На пример, може да ве боли вратот а причината за тоа да биде некаде долу во стапалото.

Кинезиотејпингот е добар затоа што може да се применува во раната фаза на рехабилитација, во раната хируршка фаза и претставува едно неинвазивно средство коешто не користи никаква фармаколошки додатоци во себе и му овозможува на телото само да се излекува.

My alt text

Практично, ние користиме ленти кои ако ги погледнете изгледаат како фластери, меѓутоа, овие ленти се еластични. Обичниот фластер не можете да го растегнете а овие ленти можете, и во зависност од тоа што сакаме да постигнеме лентата ја сечеме на различен начин и ја растегаме до различен степен на тензија според потребата. Лентата се обликува според тоа кој мускул на пример сакаме да го третираме со неа. Оваа метода е многу ефикасна ако некој има отоци, кај некој којшто има хематоми да го забрзаме решението на тој проблем и тогаш на телото да му овозможиме што поскоро да почне да функционира.

Сепак, во кинезиотејпинг постои специфична дијагностика што би значело дека не може секој да лепи кинезиотејпинг и токму поради тоа постојат курсеви каде што сертифицирани инструктори ги учат физиотерапевтите со цел точно да знаат каде треба да лепат и како треба да лепат со цел брзо и успешно заздравување – ни изјави кинезиотејпинг инструкторот Драган Димитријевиќ.

Науката го дефинира Kinesio Taping како техника на лепење на „Kinesio Tex“ ленти, кои се дизајнирани да го забрзаат процесот на природно лекување на организмот, обезбедувајќи поддршка и стабилност на мускулите и зглобовите, без нивно ограничување.

Кинезио тејпингот се темели на концептот на олеснување на мускулните и кожните движења, со цел да се постигне биомеханички, терапевтски ефект врз третираните зони.

My alt text

Лентата со своите микро движења ги стимулира кожните и поткожните рецептори, стимулирајќи го нервниот систем кој го условува мускулниот рефлекс. Освен тоа, лентата со помош на кожната стимулација го редуцира лимфниот и крвниот застој, ја подобрува локалната микроциркулација и го олеснува намалувањето на отокот. Лентата всушност, преку набирање на кожата го зголемува интра клеточниот простор со што ја олеснува лимфната дренажа, т.е, со намалување на тензијата врз поткожните рецептори за болка се редуцира болката и се превенира околното ткиво од повреди, едеми и крвавења.

Основачот на оваа техника Д-р Кензо Касе ја посети нашата болница пред две години во рамки на неговата посета на Македонија по повод Вториот конгрес на физиотерапевти и имаше можност лично да ја разгледа болницата.