Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

26.10.2018

ZMC ценет партнер во Европска федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега

My alt text

„Како една од членките на европската Федерација на асоцијации на сестри за интензивна нега редовно учествуваме на состаноците што се одржуваат со цел да бидеме во тек со новостите во сестринската нега или промена на стандардите во негата во Европа и пошироко“ – вели Жанета Богоевска Митева, главна сестра  на болничкиот дел на Zan Mitrev Clinic, воедно и претставник на Здружение на сестри за интензивна нега.

Таа појаснува дека тоа се состаноци на претставниците на земјите членки  на Федерацијата каде што секоја земја има свои делегати кои два пати годишно се состануваат со цел размена на информации, креирање нови проекти од научно – истражувачка дејност а сето тоа со главна цел сите овие земји членки да бидат вклучени и да дадат свој допринос во тие текови а и да ги следат и имплементираат позитивните промени и искуства кои со помош на овие научни проекти влијаат на промена на водичите и стандардите за сестринска нега.

Во склоп на активностите би спомнале неколку:

  • MICU – Мултикултурализмот на интензивна нега, проект кој што беше спонзориран од ЕРАЗМУС Плус и кој со подршка на Европската федерација успешно заврши од истиот овој проект наскоро ќе произлезе и сестрински е- курс.

 

  • DecubICUs – проект во кој што учество зедоа интензивни неги со над 11 000 пациенти. Нашата интензивна нега беше еден од учесниците од која што резултатите ќе допринесат кон менување или потврдување на стандардите за превенција и третман на декубит на интензивна нега.

 

  • Како една од активностите на оваа федерација е и организирањето на конгреси. На осмиот конгрес кој што ќе се организира како наш претставник сестра Жанета Богоевска Митева која има два апстракти од кои едниот е на темата Како ние во Zan Mitrev Clinic, ги едуцираме нашите сестри во школата која ја организираме а вториот е за квалитетот и спецификите околу исхраната на нашите пациенти.

– Тоа се апстракти кои што треба да ги презентирам на конгресот кој што треба да се одржи во февруари следната година –  вели Богоевска Митева.

Сите овие наши активности допринесуваат за подобрување на квалитетот и негата за следење на европските текови и како дел во научно – истражувачката дејност заедно со сите партиципираме и делуваме на позитивни промени во унапредувањето на стандардите во овие области.

Од досегашното искуство можеме да констатираме дека нашите искуства се добредојдени и виско ценети и се прифаќаат и поради високото рангирање на клиниката од искуството од пацинетите по што ние се етаблиравме како рамноправен и ценет соработник.

 

My alt text