Доделено признание за општествена одговорност

Дневна доза здравје

јуни 06,2013

Доделено признание за општествена одговорност

Во организација на Министерството за економија на РМ и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, на 23.04.2013 година по шести пат беше доделена Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија за 2012 година.Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори доби признание за успешно спроведена општествено одговорна практика за проектот „недела на борба против срцево садови заболувања “ во категоријата ВЛОЖУВАЊЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА кај мали и средни претпријатија.Оваа награда ќе биде уште еден поттик за болницата да продолжи со ваков тип на активности.