8 септември – меѓународен ден на физиотерапевтите

Настани

септември 09,2023

Меѓународниот ден на физиотерапевтите се одбележува од 1996 година кога Светската конфедерација на физиотерапија (WCPT) го назначи 8 септември како светски ден на физиотерапевтите. Овој датум е денот на основање на истата во далечната 1951 година.

Овој ден е можност за физиотерапевтите од целиот свет да ја подигнат свеста за клучниот придонес на професијата која ги одржува луѓето да бидат мобилни и независни. Овој ден се одбележува со единство и солидарност на глобалната физиотерапевтска заедница со цел да се признае делото што го прави секој физиотерапевт за своите пациенти.

Оваа година е особено важна за сите македонски физиотерапевти бидејки и официјално од мај 2023 година Македонското физиотерапевтско здружение е член преставник во светското здружение на физиотерапевти “WORLD PHYSYOTHERAPY”. (светската конфедерација на физиотераепвтите).

За 2023 година светската организација “WORLD PHYSYOTHERAPY” денешниот ден одбра да го посвети на пациентите болни од остеоартритис и проблемите со кои се соочуваат тие.

Материјали за оваа тема прведени на македонски можете да најдете на следниот линк: https://world.physio/toolkit/world-pt-day-2023-information-sheets-macedonian

Честит професионален празник на сите физиотерапевти во Македонија!