Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

22.02.2023

Адвокатскиот тим на Клиниката Жан Митрев: Обвинителе Бубевски полека, да ве потсетиме на „презумцијата на невиност”

Одбраната реагира на последната изјава на шефот на Основното јавно обвинителство Гаврил Бубевски каде лицитира со нови бројки на пријавени за случајот поврзан со Клиниката.

Презумцијата на невиност во случајот со д-р Жан Митрев и Клиниката треба да биде сериозно почитувана од страна на обвинителството. Начинот и леснотијата со која Бубевски дава изјави и интервјуа во медиумите и подкастите, што може да биде само во сферата на претпоставки, но никако и тоа дека тој е „сигурен дека има повеќе пријавени за оштета“, повторно ЈО укажува на контрадикторности и излегува од ингеренциите.

На суд ќе треба да ја докажете вината којашто самите знаете дека ја нема, обвинителе. Подобро на јавноста уште сега да и кажете како тоа материјали и информации од обвинителството за случајот против Клиниката Жан Митрев се објавувале кај Марјан Стаменковски ДОКАЗМ, иако веќе и официјално соопштивте дека ваш истражител го снабдувал Стаменковски со информации.

Обвинителството целиот процес го води со намера да наштети, а не со намера да докаже вина, затоа што и самите знаат дека вина не постои.

За сите наводи во обвинителниот акт има јасен одговор од Клиниката што ќе биде презентиран на Суд. А Обвинителството ќе треба да докаже нешто што не постои што ќе биде вистински предизвик за нив. Со нетрпение го чекаме на првото соочување на Суд.