Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

22.05.2023

Нашата доц. д-р Планинка Зафировска модератор на еден од најпрестижните кардиолошки конгреси – EACVI 2023

Европското Здружение за Kардиоваскуларни сликовни техники (EACVI) традиционално и оваа година го организираше најзначајниот настан од областа на кардиоваскуларната дијагностика. Овој пат град домаќин беше Барцелона каде се сретнаа искусните експерти со почетниците за да ја разработат овогодинешната тема во фокус насловена како: ,,Бидете во срцето на повеќенаменскиот имиџинг,,. Доц. д-р Планинка Зафировска беше еден од модераторите на Сесија во која се презентираа и дискутираа сложени случаи на кардиомиопатии и улогата на магнетната резонанца во нивната дијагностика. Допонително, на главната сцена како дел од ехокардиогравскиот квиз, д-р Планинкна престави необичен случај од клиничката пракса кој привлече многу внимание.

Современата кардиоваскуларната дијагностика промовира употреба на комбинирана имиџинг технологија (ехокардиографија, МР на срце, нуклеарна кардиологија и КТ на срце) со цел рано дијагностицирање и менаџирање на исходот од кардиоваскуларните заболувања. Жан Митрев Клиника ги следи современите кардиолошки трендови и препораки и располага со ехокардиографија вклучувајќи напредни техники како 3Д и “Strain” имиџинг, компјутерска томографија на срце вклучувајќи калциум скоринг и неинвазивна коронарографија и од неодамна достапна е стрес перфузија со магнетна резонанца на срце, тест кој уште го нарекуваат “one stop shop” бидејќи со еден преглед кој не употребува радијација може да се добијат комплетлни и детални инфорамции за морфологија и функцијата на срцето и неговите структури.