Настани
Назад до Настани
26.09.2018
Презентација на компанијата ELMED
Во среда, 26.09.2018, пред медицинскиот тим на Zan Mitrev Clinic се одржа презентација на компанијата ELMED.
Презентацијата опфати два сегмента, и тоа:
- Претставување на програмата на SCHILLER, Швајцарија преку иновативните хардверски и софтверски решенија
- Функционална Магнетна Стимулација (FMS) на Iskra Medical, Словенија – иновативен пристап во неинвазивен третман на инконтиненција
Дел од понудените решенија беа изложени пред докторите што побуди интерес и дебата за истите во насока на информации за нивното функционирање и давање побрз и поквалитетен резултат во областа за која се наменети.