Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

12.06.2023

Проф. д-р Милка Клинчева со апстракт на научниот настан со највисок рејтинг – Европскиот конгрес по кардиоваскуларен имиџинг

Во периодот од 10 – 12 05. 2023 година се одржа Европскиот конгрес по кардиоваскуларен имиџинг во Барселона, Шпанија. На конгресот активно учество имаше и проф. Д-р Милка Клинчева. Од големиот број пријавени апстракти, нејзиниот апстракт беше прифатен за усна презентација. Активното учество на конгрес, организиран од Европското кардиолошко друштво, е голем успех не само за нашата болница, туку и за нашата држава.
Посетите на научни настани со највисок рејтинг во кардиологијата во Европа и светот, ни овозможуваат да бидеме во чекор со најновите научни достигнувања во кардиологијата, но особено сме горди, дека можеме и да придонесеме во развојот на современата кардиологија и медицина воопшто.