Вниманието од најмалите ни ги растопи срцата

Настани

март 03,2022


Посета од дечињата од детската градинка Кокиче во Битола

Најмалите најмногу им се радуваат на празниците, особено на 8 Март, празникот кој е тесно поврзан со нивните мајки, учителки, тетки и баби. Доказ за тоа е вчерашната посета на дечињата на нашиот дијагностички центар во Битола. Бидејќи градинката се наоѓа во соседството т.е во непосредна близина на нашиот објект Жан Митрев Дијагностик Битола, децата од детската градинка Кокиче, по повод 8 Март, дошле на идеја да изработат и подарат честитки во форма на цвеќиња. И не само тоа, туку честитките за празникот ги поделија пеејќи пригодни песнички. Благодарни сме им за нивното внимание и за посетата која навистина им значеше многу не само на женскиот дел од вработените туку на сите.