Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Zan Mitrev Clinic учесник на шестиот Конгрес на Македонското здружение по кардиологија

Назад до Настани

07.10.2019

Zan Mitrev Clinic учесник на шестиот Конгрес на Македонското здружение по кардиологија

Од 3 до 6 октомври во Охрид се одржа шестиот Конгрес на Македонското здружение по кардиологија со меѓународно учество. Конгресот беше наменет за кардиолози, специјализанти по кардиологија и други професионалци кои работат во областа на кардиологијата кои учествуваа во различни теми од кардиоваскуларната медицина.

На конгресот беше претставена и Zan Mitrev Clinic со свои претставници а секако како прв предавач со доктор Жан Митрев по што следеа предавањата на доктор Иван Милев, доктор Предраг Милојевиќ и докторка Тања Анѓушева.

Една од главните теми на Конгресот беше кардиоваскуларните сликовни техники, кои се многу важен сегмент во поставувањето на дијагнозата, прогнозата, одлуката за третман и следење на кардиоваскуларните заболувања. Коронарните и структурните миокардијални заболувања третирани со перкутани интервенции, срцевите аритмии и болест на периферните артерии беа темите кои исто така беа во фокусот на Националниот Конгрес на Македонското здружение по кардиологија.

Секако дека и коронарната артериска болест, срцевата слабост, кардиомиопатиите, превентивната кардиологија, фармакотерапијата, кардиохирургијата, педијатриската кардиологија и други кардиоваскуларни заболувања имаа свое место за презентација и дискусија на Конгресот.

Конгресот беше составен од пленарни сесии со домашни и меѓународни експерти, симпозиуми, орални и постер презентации во областа на современата кардиоваскуларна медицина.

За време на Конгресот се одржа првиот Балкански конгрес на медицински сестри и техничари каде што нашата клиника зеде видно место со своите претставници.

Овој Конгрес е можност за размена на искуства за најновите научни и професионални достигнувања во кардиологијата и за слушање и запознавање на колегите од овие области од земјата и од странство.