Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

28.02.2022

„Жан Митрев Дијагностик“ на нова локација во Битола

Од 1-ви октомври ланската година Битола го има најсовремениот центар „Жан Митрев Дијагностик“. Станува збор за нов комплетно пренаменет објект со проширен капацитет и дејности. Распространет е на површина од околу 250 метри квадратни, а се наоѓа на ул. Север и југ бр.3, спроти стариот објект на битолската касарна или поранешниот објект на саланот „Симпо“.

„Се поголемиот обем на работа кој го имавме ја наметна потребата за проширување на нашите капацитети и потребата на специјалистички услуги кои што ги даваме и сакаме да ги даваме на населението од Пелагонискиот регион. Започнавме со работа во 2012 година во стариот објект, тогаш како „Филип Втори“, меѓутоа сега се ребрендиравме и нашата поликлиника сега го носи името „Жан Митрев Дијагностик“ како составен дел на нашата централна болница во Скопје „Жан Митрев Клиник“, при што проширувањето значеше не само просторно проширување, полесна достапност за пациентите, туку и значително зголемување на бројот на услугите коишто сме спремни да ги даваме на пациентите од Пелагонискиот регион на секое ниво. Нашата нова локација сега е на ул.Север и југ бр.3, спроти стариот објект на битолската касарна или тоа беше бившиот објект на салонот „Симпо“, рече д-р Милан Марковски, специјалист по интерна медицина.

Овај центар е најсовремен дијагностички центар во регионот, кој располага со најнова технологија во голем број на области. Има и биохемиска лабораторија и дневна болница. Нудат широк спектар на медицински услуги, специјализирани во кардиохирургијата, но се и промотори на нови современи услуги кои треба да ги превенираат болестите на 21 век.

„Просторот е на околу 250 квадратни метри изграден во комплетно ист стил екстериерно и ентериерно како нашата централна болница во којшто е сместена најсовремена апаратура, како што се поголем број на ехо-апарати, донесен е најсовремен повеќе слоен комјутер за повеќе слојна комјутерска томографија, ренген апарат, ендоскопска лабораторија комплетно опремена со најсовремени апарати за ендоскопски испитувања и комплетно нова лабораторија во која што може да се вршат практично сите лабораториски испитувања.

Апаратурата која што е донесена и е на располагање во овај дијагностички центар се состои од повеќе ехо-апарати, апарати за ултразвучна дијагностика коишто ни овозможуваат квалитетна проценка кај пациентите со кардиоваскуларни болести, кои се соствен дел на современата дијагностика на болестите на срцето и на крвните садови, најсовремен апарат за повеќе слојна комјутерска томографија, ренген апарат, лабораторија односно кабинет за едоскопска дијагностика со апарати коишто овозможуваат дијагностицирање на заболување на желудник и на дебело црево, како и најсовремена лабораторија. Овие апарати се мошне квалитетни и практично се работи за комплетно нова опрема, една голема инвестиција од Академик д-р Жан Митрев која што треба да ги оправда очекувањата на граѓаните од овај регион,“ рече д-р Марковски.

Целта за отворањето на „Жан Митрев Дијагностик“ е да се гарантира нивото и квалитетот на услугите кои ги нудат во овај регион, за да им помогнат на пациентите да се чувствуваат подобро, посигурно и посреќно.
„Главната цел е да даваме квалитетни услуги во дијагностиката на пациентите од областа на кардиоваскуларните болести, значи интерната медицина, од ортопедијата, гастроентеролошки прегледи исто така вклучително и ендоскопски испитувања, а исто така се вршат и ендокринолошки прегледи каде што се работи патологија на штитната жлезда и на шеќерната болест.

Целта е да даваме европски здравствени услуги, стандард кој што е далеку од оној кој што го знаеме во нашата држава. Кон тоа сме тежнееле уште од самиот почеток на нашето доаѓање овде. Мене ми е особено мило што дочекав да се развиеме во ваков центар, бидејќи нашата работа е етаблирана во овај регион. Сметам дека уживаме солиден глас во нашиот однос кон пациентите, квалитетот на услугите што ги даваме, квалитетот на услугата што нашата централна болница ги дава на оние пациенти коишто од овде се упатуваат за оперативен третман.

Сакам да нагласам, нашите пациенти треба да знаат дека сите интервенции кардиохируршки, тоа значи операции на срце и на крвни садови коишто се вршат во нашата болница во Скопје се покриени од Фондот за здравствено осигурување и пациентите тоа треба да го знаат за да можат во дадена ситуација да имаат во предвид дека тие услуги им се платени од страна на Фондот,“ вели д-р Марковски.
Велат пациентот е во центарот на нивното внимание. Дијагностиката, лекувањето и грижата за него е суштината на сите нивни активности. Моментално сите нивни услуги се со промотивни цени, односно -50% од регуларната цена.

„Промотивно како одбележување на отворањето на овај нов дијагностички центар „Жан Митрев Дијагностик“, практично после 10 години наша работа тука во Битола, нудиме попуст на сите услуги, значи на сите прегледи како и лабораториски испитувања, 50% од регуларната цена. Тоа е попуст кој што трае веќе од октомври месец до сега, веројатно ќе продолжи и понатаму, како би можеле на тој начин да ја промовираме уште повеќе нашата работа, да привлечеме поголем број на пациенти за да можат да уживаат во услугите коишто ние ги даваме,“ рече д-р Марковски.

Извор: Tera.mk

Центарот работи секој работен ден во две смени од 7 до 15 часот прва смена, од 12 до 20 часот втора смена. Работат и во сабота и во празнични денови.