Хумана акција – Заедно против загадениот воздух

Дневна доза здравје

декември 12,2017

 

Енормно загаден воздух, опасни ПМ 10 честички, нарушено здравје и многу апели од сите страни за итни мерки… Тоа е секојдневието кое го живееме, за кое бараме решение, но акцијата, треба да почне од нас, од секој поединец…

Во таа насока, Жан Митрев Клиник презема иницијатива и организира хумана акција за БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ И КОНСУЛТАЦИИ за заболени од кардиореспираторни проблеми, од сите возрасти.

На 16 и 17 декември, 2017 година во Жан Митрев Клиник, тимот на д-р Жан Митрев ќе врши прегледи на сите заинтересирани, од сите возрасти. Прегледите ќе се вршат во закажани термини, во период од 08-16 часот.

Направете чекор и проверете го Вашето здравје – јавете се на 02/30 91 484 и навремено закажете преглед.