00389 2 3091 484
јануари 01,2021
Карциномот на грлото на матката е малигна болест на грлото на матката, дел од матката кој е достапен за скрининг методи при гинеколошки преглед. Во нашата земја овој тип на карцином се наоѓа на второ место по смртност, веднаш по карциномот на дојка.
Од скрининг методите за превенција на карциномот на грлото на матака најзначаен е ПАП тестот. ПАП тестот е брз и едноставен тест што се користи за проверка на промените на клетките од грлото на матката кои може да доведат до појава на рак. Цел на негова примена е да ги откриеме во најран стадиум промените на грлото на матката кои можат да доведат до карцином. Тестот е дел од обичен гинеколошки преглед. Се зема брис од површината на грлото на матката и ендоцервикалниот канал, кој понатаму се прегледува под микроскоп. Повеќето резултати од ПАП тестовите се нормални. Мал број покажуваат пореметување на клетките на грлото на матката, каде најчесто се работи за помали инфекции кои лесно се лекуваат. Во многу мал број на случаи, наодот оди во прилог на преканцерозни лезии или карцином на грло на матка.
Кога промените на клетките на грлото на матката рано ќе се откријат, тие лесно се лекуваат! ПАП тестот може да го спаси вашиот живот!
За таа цел вклучувајќи се во кампањата за превенција на карциномот на грлото на матка, Центарот за женско здравје при Клиничката болница Жан Митрев, во јануари, месецот во кој се грижиме за подигање на свесноста за превенција и лекување на рак на матката, овозможува 30% попуст на комплетен гинеколошки преглед со ПАП тест, брис за ХПВ, МРИ на матка, а достапни се и ехо на дојка, 2Д и 3Д мамографија, и остеодензитометрија
Д-р Ирена Андонова
Спец. по гинекологија и акушерство