00389 2 3091 484
јануари 01,2021
Неколку совети за превенција на мигренозните главоболки
Мигрената не е обична главоболка, туку се категоризира во потешките форми на болки кои се појавуваат во пределот на главата. Таа се карактеризира со многу силна болка, најчесто во пределот на слепоочниците, челото и очите која може да трае од неколку часa до неколку денa. Исто така, мигрената може да предизвика чувствителност на светлина и звук, вртоглавица, гадење и повраќање.
Неколку совети кои ќе ви помогнат да ја спречите појавата на мигрена:
Мигрената се појавува како резултат на повеќе фактори. Истата може да се контролира доколку се откријат причинителите. Водењето дневник за главоболка може да ви помогне да одредите што ги предизвикува вашите главоболки за да можете да ги избегнете предизвикувачите. Запишете ги сите детали за секоја појава на главоболката, како на пример: кога и како започнала, што консумиравте тој ден, вашето расположение, временските промени, времетраењето и интензитетот на главоболката.
Земањето лекови за главоболка и лекови без рецепт, повеќе од двапати неделно може да го зголеми интензитетот и зачестеноста на главоболката. Консултирајте се со вашиот лекар за тоа како да престанете да земате лекови кои може да имаат сериозни несакани ефекти доколку неправилно се употребуваат. Одредени лекови против главоболка кои содржат кофеин, може да помогнат да се намали главоболката, но може да имаат и спротивен ефект.
За возрасните лица потребни се седум до осум часа сон во едно едоноќие. Најдобро е да си легнувате и да се будите секој ден во исто време. Се препорачува во соба каде спиете да нема телевизор, а мобилниот телефон да биде исклучен или во друга просторија. Консултирате се со вашиот лекар како да постапите доколку имате нарушувања на сонот, како што е на пример ‘рчењето.
Консумирајте здрава храна и трудете се оброците да ви бидат секој ден во исто време. Избегнувајте храна и пијалоци кои содржат кофеин, тие може да предизвикаат главоболки.
Редовната и умерена физичка активност може да ја подобри физичката и менталната благосостојба и да го намали стресот. Изберете физички активности во кои уживате, како што се пешачење, пливање или возење велосипед.
Стресот е чест предизвикувач на хронични главоболки. Организирајте се. Поедноставете го вашиот распоред. Планирајте однапред. Бидете позитивни и размислувајте позитивно. Обидете се со практикување на техники за намалување на стресот како што се јога и медитација.