Ноември е месецот посветен на подигање на свеста за машкото здравје
Дневна доза здравје
ноември 11,2021
Ве потсетуваме дека редовните контроли живот спасуваат, затоа не одложувајте, закажете термин за контролен преглед.
Иако се чувствувате добро и немате проблеми, сепак потребно е барем еднаш годишно да го посетите вашиот лекар за редовна контрола. Консултациите со него ќе ви помогнат да избегнете проблеми во иднина. На пример, единствениот начин да откриете дали имате висок крвен притисок е редовно да го проверувате. Високиот шеќер во крвта и високиот холестерол исто така може да немаат никакви симптоми во раните фази. Затоа е потребно да биде направена крвна слика преку која може да се откријат овие состојби. Подолу ќе најдете листа на редовните испитувања кои е препорачливо да ги направат мажите на возраст од 18-40 години.
Испитување на крвен притисок
Проверувајте го вашиот крвен притисок најмалку еднаш годишно. Ако вредността на горниот – систолен притисок е 120 до 140 или на долниот – дијастолен притисок вредноста е 80 до 90 mm Hg, треба да го проверувате/мерите почесто.
Доколку горниот е 130 или поголем или долниот број е 80 или поголем, треба задолжително да закажете консултација со вашиот лекар за да дознаете како можете да го намалите крвниот притисок.
Ако имате дијабетес, срцеви заболувања, проблеми со бубрезите или некои други состојби, можеби ќе треба почесто да го проверувате крвниот притисок, но сепак барем еднаш годишно.
Испитување за холестерол и превенција на срцеви болести
Препорачаната возраст на која треба да почнете да правите тестови за проверка на присуство на холестерол во крвта е 35 години. Ова се однесува за мажи без познати фактори на ризик за коронарна срцева болест и 20 години за мажи со познати фактори на ризик за коронарна срцева болест.
Повторете ги тестовите порано отколку што е потребно доколку се појават промени во животниот стил (вклучувајќи зголемување на телесната тежина и исхрана).
Ако имате дијабетес, срцеви заболувања, проблеми со бубрезите или некои други состојби, потребно e да се проверувате почесто.
Испитување за дијабетес
Ако вашиот крвен притисок е 130/80 mm Hg или поголем, вашиот лекар може да побара да се утврди и нивото на шеќер во крвта за дијабетес.
Ако имате прекумерна тежина, треба да бидете редовно прегледувани почнувајќи од 35 годишна возраст.
Ако имате други фактори на ризик за дијабетес, како роднини од прв степен кои имаат дијабетес или историја на срцеви заболувања, најверојатно лекарот ќе препорача да направите испитувања за откривање на присуство на дијабетес.
Испитување за инфективни болести
Сите возрасни од 18 до 80 години треба да направат еднаш во животот тест за хепатитис Ц.
Вашиот лекар ќе ви каже како да спречите ширење на инфекции преку сексуален контакт. Истите се нарекуваат сексуално преносливи инфекции (СПИ).
Во зависност од вашиот животен стил и медицинска историја, можеби ќе треба да се тестирате за инфекции како што се сифилис, кламидија, ХИВ, како и други инфекции.
Физички преглед
Вашата висина, тежина и индексот на телесна тежина (БМИ) треба да се проценат при секој физички преглед /испитување. При самиот физички преглед, вашиот лекар може да ве праша за: депресија, диета и вежбање, консумација на алкохол и тутун и слично.
Испитување на тестиси
Промените на тестисите може да се забележат со самопреглед при што може да се утврди настаната промена. Не секоја промена на тестисите е рак, бидејќи реално тој е многу редок. Најчесто може да се цисти или други поблеми кои треба да ги дијагностицира лекар. Затоа покрај самопрегледот задолжително е да посетите лекар еднаш годишно. Ако сте загрижени за ризикот од развој на рак на тестисите исто така треба да разговарате за проблемот со вашиот лекар. Заедно можете да одлучите дали редовните самопрегледи на тестисите се соодветни за вас или е потебно нешто повеќе.
Самопреглед на кожата
Кожата како најголем орган на човечкото тело, овозможува сите промени лесно да се детектираат. Вашиот лекар може да ја провери вашата кожа за знаци на рак, особено ако сте изложени на висок ризик. Луѓето со висок ризик се оние кои претходно имале рак на кожата, имаат блиски роднини со рак на кожата или имаат ослабен имунолошки систем.
Други испитувања
Разговарајте со вашиот лекар за скрининг за рак на дебелото црево ако имате семејна историја на рак на дебелото црево или полипи, или ако сте имале воспалителна болест или полипи на цревата.
Поврзани Новости
30.09.2024
Гинекомастија – ендокринолошки и естетски проблем
Гинекомастијата претставува состојба на абнормално зголемување на дојките кај машките индивидуи. Се јавува како резултат на дисбалансот меѓу машките и…
Пластична Реконструктивна и Естетска Хирургија претставува посебна супспецијалност во хирургијата. Естетска хирургија е најубавиот дел од хирургијата кој се занимава…