Оглас за вработување на хигиеничарка 

Дневна доза здравје

април 04,2019

Поради зголемен обем на работа, Клиничка болница Жан Митрев има потреба од хигеничарка.

Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

– Основно образование или ССС

– Со или без работно искуство

Опис на работното место:

Работникот за одржување на хигиена е одговорен за чистотата во Клиниката извршувајќи разни задолженија од областа на хигиената согласно интерните процедури и стандарди воспоставени во Клиниката.

Испратете ја Вашата лична биографија-CV на нашата e-mail адреса vrabotuvanje@zmc.mk најдоцна до 15.04.2019 година, а на апликацијата задолжително наведете ја следнава назнака „Оглас за Хигиена“.