00389 2 3091 484
октомври 10,2021
Секоја жена треба да биде свесна за болестите кои можат да се појават на репродуктивните органи. Истовремено треба и да бидат запознаени со различните методи и начини на откривање. Во контекст на погоре споменатото, една од болестите кои е важно навреме да бидат дијагностицирани и лекувани е секако ракот на грлото на матката.
Ракот на грлото на матката претставува неправилен раст, развој и размножување на клетките во грлото на матката. Тоа е втората најчеста причина за смрт кај жените. Овој тип на рак е поврзан со инфекција предизвикана од Хуман папилома вирусот (ХПВ), кој се пренесува преку сексуален контакт и 8 од 10 луѓе (мажи и жени) се иложени на истиот во одреден момент од нивниот живот. Важно е да се знае дека само кај една од илјада жени со оваа вирусна инфекција може да се развие рак.
Симптоми на рак на грлото на матката:
• Крварење помеѓу менструалните циклуси
• Абнормален вагинален исцедок или болка
• Крварење после секс
• Крварење по менопауза
Овој тест може да го спаси животот на пациентот преку откривање на преканцерозни промени во клетките кои подоцна би можеле да се претворат во рак. Ако се открие во рана фаза, третманот за рак на грлото на матката нуди најдобри можности за лекување.
Се смета дека половина (50%) од жените дијагностицирани со рак на грлото на матката не оделе на редовени прегледи. Во САД, инциденцата на смрт од рак на грлото на матката е намалена за 74% благодарение на засиленото ПАП тестирање.
Се препорачува да се направи еднаш годишно. Со редовните контроли ќе се спречи неконтролиран развој на рак на грлото на матката. Доколку имате или сте имале сексуално преносливи болести, истиот треба да се прави и почесто на секои шест месеци.
Важно е да останете информирани и да бидете во постојан контакт со вашиот гинеколог. Не заборавајте дека нашиот оддел за гинекологија се состои од лекари специјалисти кои можат да ви помогнат за сите ваши проблеми.