Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

07.08.2020

По успешната операција на срцето, седум месечното бебе заминува дома

Уште едно бебенце ја напушти нашата клиника по успешно завршената операција на срцето. Овој наш мал пациент кој штотуку наполни 7 месеци беше следен од нашите лекари уште по самото негово раѓање. Уште тогаш, за прв пат беше хоспитализиран во нашата клиника по што беше утврдена комплексна срцева мана која изискуваше оперативен третман. Во изминатите месеци бебето редовно се следеше се до сега кога нашите доктори одлучија дека е најдобро време да се реализира операцијата.

Посоперативното опоравување одеше многу брзо. По неколку часа беше екстубирано од машината за дишење и не беа забележани никакви постоперативни компликации иако се работеше за комплексна срцева аномалија.

Целиот тим од Zan Mitrev Clinic и посакува успешно закрепнување, многу здравје и среќно детство. Тука сме да се гледаме на контролите а секако и за сите други предизвици кои животот може да ги приреди.