декември 12,2019
Се повеќе истражувања го привлекуваат вниманието за начинот на исхрана, кога и што да се консумира. Добро познато е дека појадокот треба да биде главен оброк во текот на денот за подобро здравје. Иако информација е распространета, малкумина ставаат акцент на појадок и комбинациите во секојдневната исхрана или можеби поврзуваат одредени проблеми и болести со дефицит на појадок.
Што покажуваат научните студии при испитување на внес или одбегнување на појадок и состав на истиот оброк?
- Во утринските часови телото има најголема потреба од енергија и надополнување на резервите со тоа што важно е да внесеме нутритивно квалитетна храна која на правилен начин ќе го одржи организмот витален и здрав.
Што се случува кога ќе одбереме бело пециво или пржена масна храна за појадок?
- Пекарските производи кои не се комбинирани со останата свежа храна во утринските часови, изобилуваат со скроб- јагленхидрат кој ја оптоварува работата на панкреасот и дава спротивен ефект од наплив на енергија. После ваков едновиден оброк телото дава знаци на замор, изнемоштеност без способност нормално да се извршат целодневните активности. Токму од тука на многумина им одговара одбегнување на појадокот кој не помага за подобра мотивација и здравје.
Дали по секоја цена појадок?
- Единствено комбинацијата од свежа храна (овошје и зеленчук), интегрални житарки во умерени количини, семиња и јатки, балансиран внес на млечни производи може да ги промени симптомите на изнемоштеност а воедно да помогни во надополнување на нутритивните потреби на секој организам.
Заклучок: Многубројни испитувања покажуваат дека појадокот е потребен и клучен во здравата исхрана кај секоја индивидуа но само доколку истиот представува комбинација од здрави намирници прилагодени според енергетски потреби на секој човек. Со првиот оброк во денот одбегнуваме поголем внес на храна за ручек а од тука и дирекно влијаеме за одржување на нормална телесна маса.
Наши предлози за појадок:
- Зелено смути од спанаќ и јаболко со 1 парче интегрален леб премачкан со путер од кикирики.
- Овесна каша со семиња и јогурт во комбинација со 2 овошки
- Омлет со зеленчук, шоља нискомаслен јогурт и 1 парче интегрален леб
- Детокс ден: вода со ѓумбир и лимон и 4 разновидни овошки