00389 2 3091 484
август 08,2017
Пливачите од ПК “Челични“ од Штип на кои Специјализираната болница ЖАН МИТРЕВ од неодамна им е поддршка редат успеси. На последниот Охрдиски маратон кој традиционално се одржува на 2 август учествувале 10 пливачи од овој клуб со добар пласман.
“Најдобар натпреварувач од нашиот клуб беше Марија Ристовска која освои 2 место. Ова е добар поттик да продолжиме и понатаму со секојдневни тренинзи и да се бориме за нови награди на следниве маратони“, објасни Мирко Јакимовски, тренер во клубот. На “ челичните“ ова не им е прво натпреварување. “ До сега имаме учествувано на две летни државни првенства и две зимски првенства и на еден новогодишен Куп на кратки стази во организација на ПФМ.Секако, наши пливачи учествувале на повеќе маратонски трки на 2,5 км (Охридски, Преспански, Велешки и Дојрански), како и на повеќе пливачки митинзи во Македонија, Србија и Бугарија. Следен натпревар им е Велешкиот маратон кој е планиран на 27 август, 2017 на 2,5 км.
Пливачкиот клуб “Челични“ е основан во 2016 година и е официјален член на Пливачката федерација на Македонија. Во клубот има 15 пливачи на возраст од 10-16 години. Секоја година организираат обука за непливачи каде околу 150 деца ги учат пливачките вештини. Тренерите од овој клуб веќе три години работат на проектот на адапатација на водена површина и основна елементарна техника за пливање за децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби од Штип. За време на летниот период тренинзите ги организираат на Градскиот базен во Штип, додека останатиот период доаѓаат на тренинзи на Олимпискиот базен во Скопје, салата Борис Трајковски или затворениот базен во Куманово.